26 Април, 2024
0.0284

Просечната плата скокна - СДСМ се пофали дека нивните политики дале резултат

Објавено во: Економија 22 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Власта се пофали дека платите растат. 

Ова го покажаа најновите податоци објавени од Државниот завод за статистика. 

Просечната плата во јули пораснала за 8,5 отсто, велат од СДСМ. 

Наведуваат дека ова е постигнато со политиките кои се во интерес на граѓаните и на стопанството, како и ефикасните и навремени антикризни мерки на Владата  при што и во време на пандемија дошло до раст на просечната плата. 

„Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули оваа година, изнесува 27.867 денари. Просечната плата во државата, и во услови на кризата предизвикана со пандемијата со коронавирусот е за 8,5 отсто повисока во однос на јули 2019 година“, велат од СДСМ.

Тврдат дека откако тие се на власт платата пораснала за повеќе од 4.000 денари. 

СДСМ вети и дека во овој мандат минималната плата ќе изнесува 20.000 денари, а просечната 34.000 денари.

И покрај Ковид-19 кризата, платите остануваат стабилни и растат, просечната нето плата е зголемена за 2.127 денари или за 8,5% споредено јули 2019 со јули 2020 година, напиша на Фејсбук, вицепремиерот за економски прашањаа, Фатмир Битиќи.

На прво место гледано по дејности останува секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со просек од 68.557 денари.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра