ПРОСЕЧНАТА ПЛАТАТА ВО ЈУЛИ 36.286 ДЕНАРИ - Поголема во споредба со минатата година, но помала од минатиот месец

Објавено во: Финансии 20 Септември, 2023 14:19
Просечната плата во Македонија во текот на месец јули изнесувала 36.286 денари, објави Државниот завод за статистика.
Како што посочуваат од ДЗС, платата во јули во однос на истиот месец претходната година се зголемила, па индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, изнесува 114.1.
- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19,5 отсто), Образование (17,2 проценти) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16,8 отсто).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7,9 проценти), Финансиски дејности и дејности на осигурување (5,3 отсто) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4,6 проценти) - се наведува во соопштението на ДЗС.
Сепак, ако се направи споредба на месечно ниво, се забележува дека во месец јули просечната плата е помала отколку во јуни и во мај. Имено, во месец јуни годинава просечната плата изнесувала 36.527 денари, додека пак во мај 36.465 денари.
Еве листа колкава била просечната плата секој месец годинава:
- јули 2023 година 36.286 денари
- јуни 2023 година 36.527 денари
- мај 2023 година 36.465 денари
- април 2023 година 36.134 денари
- март 2023 година 34.925 денари
- февруари 2023 година 33.720 денари.
- јануари 2023 година 33.943 денари.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
КОГА НЕКОЈА БАНКА ЌЕ „ЗАЧКРИПИ“, ЌЕ ИМА ФОНД ЗА РЕШАВАЊЕ, А ЌЕ ГО ФИНАНСИРААТ САМИТЕ БАНКИ - надлежен орган ќе биде Народната банка, еве кога стартува новата регулатива

САМО ВО ЧЕТВРТИОТ КВАРТАЛ ВЛОЖЕНИ НАД 320 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НЕДВИЖНИНИ: се купувало со засилено темпо, забележан е раст од 16 проценти

НАЈНОВО РАНГИРАЊЕ, КОЛКУ ТЕЖАТ ДОМАШНИТЕ БАНКИ - се „шушка“ за можни купопродажни зделки, кој е во игра?

ВО ОВОЈ РЕГИОН ЌЕ ВИ ПЛАТАТ САМО ДА СЕ ДОСЕЛИТЕ: Даваат пари и за реновирање на домот, може да добиете и до 100.000 евра

СО ШТО СЕ ЗАНИМАВА НАЈБОГАТИОТ ГЕРМАНЕЦ? Неговата компанија крие темно минато

СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ ПОДГОТВУВА НАСЛЕДНИК НА ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР - Николетопулос останува сѐ додека новиот прв човек не ги добие сите потребни согласности

ЛУЃЕТО САКААТ ДА ШТЕДАТ ВО ДЕНАРИ, СУМАТА СЕ БЛИЖИ ДО ТРИ И ПОЛ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - каде и како решивте да ги вложите вашите слободни пари

РОДИ МЕ МАЈКО СО КСМЕТ, КОМЕСАР ДА БИДАМ: Земаат околу 28.000 евра плата, ама во споредба со платата на Фон дер Лајен тоа не е ништо
