16 Јануари, 2025
0.1342

Протест против намалениот буџет за превенција и лекување на ХИВ

Владата ги става под ризик животите на најмалку 15.000 граѓани!, стои во соопштението за протестот. „Тоа не смееме да го дозволиме!“, велат од таму

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Утре, 6. октомври во 11 часот пред Собранието ќе се одржи протест против намалениот буџет за превенција и лекување на ХИВ за 59%.

Владата ги става под ризик животите на најмалку 15.000 граѓани!, стои во соопштението за протестот. „Тоа не смееме да го дозволиме!“, велат од таму

Во 2017 година, по 13 годишно финансирање се повлекува Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија. Владата на РМ со меѓународни договори е обврзана да ги преземе сите обврски во однос на превенцијата на ХИВ. Но, наместо договореното зголемување, буџетот за 2017 година се намали како никогаш досега! Од потребните 65 милиони денари, планирани се само 27. Односно, 59% помалку од неопходното!

Со буџетот од 2017 година 15.000 припадници на групи под најголем ризик од ХИВ и нивните семејства ќе останат без бесплатните средства за превенција и брзи тестови за рано откривање на ХИВ!

Преку теренските и стационарните сервиси на граѓанскиот сектор на годишно ниво се нудат повеќе од 200.000 услуги за ХИВ превенција, вклучително и редовни скрининг тестови за ХИВ, кои повеќе ќе ги нема!

Доколку престане финансирањето на превентивните програми за клучните групи под најголем ризик, се очекува до 2030 година стапка на ХИВ да се зголеми за 9%, бројот на нови инфекции да порасне за 19%, додека бројот на смртни случаи за 5%, во споредба со сегашниот буџет за ХИВ превенција. Ако не се смени предвидениот буџет, црните проекции ќе станат реалност!

Доколку се обезбеди и оптимизира вкупниот буџет за ХИВ на нивото од последните неколку години (каде значајно учествуваше Глобалниот фонд) бројот на нови инфекции и смртни случаи до 2030 година ќе биде помал за дури 85%, се вели во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби