Протестите против мерките за штедење предизвикаа судири
Објавено во: Свет 15 Ноември, 2012 12:52
Десетици луѓе се повредени, а над 150 уапсени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Шпанија, Португалија и Италија, на протестните собири организирани вчера ширум Европа поради мерките за штедење и невработеноста.
Незадоволството на работниците се премина во насилство кога полицијата се судри со демонстрантрите во Мадрид и во други шпански градови, при што е користен и солзавец.
До синоќа, кога на улиците на Мадрид излегле десетици илјади демонстранти, 118 лица се уапсени, додека 74 лица, меѓу кои 43 полицајци се повредени.
Меѓу уапсените се две лица кај кои е пронајден материјал за правење експлозив. Во центарот на Мадрид полицијата во еден судир со демонстрантите употреби и гумени куршуми, а повеќе излози се искршени.
Протестите прераснаа во насилство и во Италија, каде десетици илјади студенти и работници во повеќе градови се судрија со полицијата.
Судири имаше и во Португалија, каде полицијата употребила пендреци за да ги растера демонстрантите пред Парламентот во Лисабон, при што се повредени пет лица, од кои едно потешко. Демонстрантите ја гаѓале полицијата со камења повеќе од еден час, а потоа полицајците возвратиле и ги растерале демонстрантите.
Помирни демонстрации се одржани во Белгија, Франција и Грција. Мирни протести со помал број учесници имало и во Германија, Холандија и Данска.
На масовни протести повика Европската конфедерација на синдикати, која остро се противи на мерките на штедење и смета дека тие ја туркаат Европа длабоко во економска стагнација и го уриваат европскиот социјален модел.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување
„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи
(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени
Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?
Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?
КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса
(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна
(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?




