16 Јануари, 2025
0.0291

Прв чекор за укинување на роамингот во регионот – црногорските оператори најмногу се против!

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Претставниците на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија утре во Будва ќе потпишат спогодба, која е прв чекор кон укинување на тарифите за роаминг во регионот. Доколку се реализира, спогодбата ќе значи далеку пониски цени за македонските граѓани за разговорите од овие балкански земји, во споредба со оние што се плаќаат досега. Спогодбата предвидува постепено намалување на цените за роаминг, а е подготвена на сличен начин како што тоа е направено во земјите од Европската унија. „Ние со оваа спогодба, овие пет држави, постапуваме на целосно ист начин, предвидуваме во следните три години да дојде до намалување на цените во роаминг во согласност со уредбата на ЕУ, која ги регулира цените меѓу земјите-членки на Унијата“, вели српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ. Во тие три години, земјите-потписнички се обврзуваат цените за роаминг да ги изедначат со оние во внатрешниот сообраќај. Идејата наиде на најголем отпор во Црна Гора, каде што оператерите се плашат од намален профит, затоа што оваа земја, заради големиот број туристички посети, остварува најголем дел од приходите за роаминг. Сепак, властите, откако увиделе дека операторите не се согласуваат со намалување на цената, одлучиле да одат на принудна варијанта - односно да ги обврзат операторите да ја почитуваат спогодбата и без нивна согласност. Надлежните уверуваат дека намалените цени ќе се компензираат со зголемен сообраќај. „Слична беше ситуацијата и со земјите во ЕУ, и таму операторите не ја прифатија идејата со воодушевување, но на крај сите се согласија дека има уредба која треба да се почитува“, вели Љајиќ. Спогодбата што ќе се потпише утре треба да ги дефинира појдовните основи и елементите за одредување на динамиката на намалување на цените за роаминг. Штом спогодбата ќе се потпише, надлежните министерства треба да ги започнат процедурите за донесување на законските прописи со кои укинувањето на роаминг тарифите ќе се реализира.  

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката