26 Април, 2024
0.0306

Прв кикс на Пендаровски како претседател или дистанцирање од владините политики

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

И по два дена од констатацијата на претседателот Стево Пендаровски дека „и самиот би ја напуштил државата кога не би бил претседател“ реакциите не стивнуваат, но се толкува на различни начини - едни велат дека е скандалозна, додека други дека е болна вистина која ја одразува реалноста.

Оние што се ставаат во негова одбрана сметаат дека шефот на државата се дистанцира од политиките на сите досегашни влади, бидејќи тие се оние кои ги имале инструментите да го сперечат егзодусот на младите и масовното иселување во странство за подобар живот, додека опозицијата поентира дека Пендаровски со тоа и самиот не верува во оние кои го поддржале на претседателските избори. Ако се гледа од оваа перспектива, тогаш тоа би било прв кикс на Пендаровски, кој до сега делуваше умерено и принципиелно во своите политики.

„И за две и за 10 години мислам дека регионот ќе има уште помалку луѓе, генерално млади луѓе, таа бела чума мислам дека ќе нè следи уште долги години. Она што е апсолутно круцијално е дека овие млади луѓе можат да се селат кај сакаат, за подобар живот, за повисоки примања. Но многу е битно ние, како одговорни политичари кои сме овој период на власт, да им понудиме прва шанса да успеат овде. Досега, они немаа прва шанса да успеат во регионот. И ние не можеме да ги кривиме нив, они имаат само еден живот. Сите ние имаме само еден живот. Никој не е луд да го потроши тој еден живот во држава во која ние ќе чекаме да отвориме некое поглавје, држава која преговара не знам колку години со ЕУ. Просечната плата во мојата држава, а слично и во другите држави од регионот, е околу 400 евра. Па и јас кога не би бил претседател, и јас би се селел од мојата земја“, рече Пендаровски на прашањето како ја гледа иднината на регионот на Западен Балкан во следниве 2 години, говорејќи на Форум на млади лидери во Нови Сад.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја оценува изјава на шефот на државата Стево Пендаровски како скандалозна, додавајќи дека додека премиерот Зоран Заев зборува за економски раст, Пендаровски повикува на масовен егзодус.

Младите константно се иселуваат, а вчера и Стево Пендаровски кажа доколку нема функција како претседател и тој ќе се исели, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение и прашуваат за која економска политика зборува Заев, кога и шефот на државата вели дека би се иселил кога не би бил претседател.

„Економската политика на Заев е фијаско. Доказ за тоа се преполните автобуски и аеродроми полни со млади кои со карти во еден правец ја напуштаат државата. И Стево Пендаровски знае дека власта е криминална, рекетот цвета и е потоната во корупција. И Стево Пендаровски знае дека правниот систем е нефункционален. И Стево Пендаровски знае дека Македонија со Заев тоне. Сите знаат дека до СДСМ Македоника пропаѓа, само Заев има розеви очила и не ја гледа реалноста“, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Џабир Дерала од Центарот за граѓански слободи вели дека изјавата е фантастична и искрена. Според него, проблемот е што платите не се ни 400 евра, туку уште помали. Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, пак оценува дека ваквата изјава на Пендаровски е направена за да привлече поголемо внимание дека треба да се направи нешто итно во врска со останувањето на младите.

Пендаровски во Нови Сад алудираше на тоа дека земјите во регионот се зависни од помошна на ЕУ и дека креативноста кај луѓето во регионот е мошне малку искористена затоа што Западен Балкан не е интегриран.

„Ако не добиеме помош од ЕУ, како да не знаеме што би требало да правиме. Тешко е да се ослободиме од тој менталитет, иако има исклучоци. Идејата и креативноста на луѓето во регионот не е искористена ни 10 отсто“, рече Пендаровски.

Самиот тој реагираше дека неговата поента од говорот била злоупотребена за собирање дневно-политички поени кои не дозволуваат да се разбере пренесената порака.

„Ја разбирам потребата за дадената изјава на Регионалниот младински лидерски форум во Нови Сад да биде врамена во дневни партиско-политички пресметки, но трендовите во целиот регион и кај нас се неспорни. Губиме висококвалификуван и млад кадар“, истакна Пендаровски.





Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица