18 Јуни, 2024
0.0279

ПРВ ПАТ ПОСЛЕ ДИЈАГНОЗАТА, КЕЈТ МИДЛТОН ПРОГОВОРИ ЗА СВОЈАТА СОСТОЈБА - откри и кога ќе се појави во јавноста

Објавено во: Свет 15 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Фотографијата што ја објави е направена од фотографот Мет Портеус и ја прикажува во близина на нејзиниот дом во Виндзор. Во соопштението за медиумите, Кејт истакна дека нејзиното лекување добро напредува и дека утре ќе се појави на настанот Trooping the Color.

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон после долго време проговори и зборуваше за своето здравје и за нејзиното враќање во јавноста. Принцезата се огласи преку официјални профили на социјалните мрежи и објави една нејзина фотографија и порака. Фотографијата што ја објави е направена од фотографот Мет Портеус и ја прикажува во близина на нејзиниот дом во Виндзор. Во соопштението за медиумите, Кејт истакна дека нејзиното лекување добро напредува и дека утре ќе се појави на настанот Trooping the Color. Ова ќе биде нејзино прво појавување во јавноста откако откри дека се бори со малигна болест.

"Бев воодушевена од сите пораки за поддршка и охрабрување во текот на последните неколку месеци. Навистина тоа ни помогна и на Вилијам и на мене во тешките моменти", започна таа и додаде дека третманот оди добро, но има и добри и лоши денови. „Во лоши денови се чувствувате слабо, уморно и морате се да оставите и да се одморите, но во добрите денови, кога се чувствувате посилни, сакате да го искористите најдоброто од вашето време. Моето лекување е во тек и ќе продолжи уште неколку месеци. Во деновите кога се чувствувам доволно добро, задоволство ми е да се вклучам во училишниот живот на моите деца, да трошам време на работи кои ми даваат енергија и позитивност, како и да работам малку од дома“, истакна таа, и го најави своето прво појавување во јавноста.

„Со нетрпение очекувам да присуствувам на роденденската парада на кралот овој викенд со моето семејство и се надевам дека ќе се приклучам на неколку јавни ангажмани во текот на летото“, најави таа и додаде дека тоа не е нејзино целосно враќање на работа. „Учиа како да бидам трпелива, особено со неизвесност. Живеам ден за ден, го слушам моето тело и си дозволувам да одвојам време потребно за да се излечам. Ви благодарам многу за разбирањето и на сите вас кои па храбро ги сподели вашите приказни со мене“, нагласи таа.

Вечерњи лист

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА ВО ЕКВАДОР: седум лица загинаа при лизгање на земјиште по обилните дождови

ТРАГЕДИЈА ВО ЕКВАДОР: седум лица загинаа при лизгање на земјиште по обилните дождови

Зошто европските лидери го одложија договорот за највисоките позиции во ЕУ

Зошто европските лидери го одложија договорот за највисоките позиции во ЕУ

ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ ЗА БЕБЕШКА КОЗМЕТИКА ПРИЗНА: Производот предизвикува сериозни болести

ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ ЗА БЕБЕШКА КОЗМЕТИКА ПРИЗНА: Производот предизвикува сериозни болести

(ВИДЕО) ЗАТВОРЕНИ СЕ ТРИ ПЛАЖИ ВО ШПАНИЈА: Ајкули ги исплашија туристите

(ВИДЕО) ЗАТВОРЕНИ СЕ ТРИ ПЛАЖИ ВО ШПАНИЈА: Ајкули ги исплашија туристите

КИЛИЈАН МБАПЕ: Младите да не дозволат екстремната десница да дојде на власт во Франција

КИЛИЈАН МБАПЕ: Младите да не дозволат екстремната десница да дојде на власт во Франција

ЕДЕН ЧОВЕК ПОЧИНА, НЕКОЛКУ СЕ ВО ТЕШКА СОСТОЈБА: Топлотен бран ги зафати Кипар, Грција и Турција

ЕДЕН ЧОВЕК ПОЧИНА, НЕКОЛКУ СЕ ВО ТЕШКА СОСТОЈБА: Топлотен бран ги зафати Кипар, Грција и Турција

ЗЕЛЕНСКИ ГО ОТКРИ УСЛОВОТ ЗА ПРЕГОВОРИ: Јасно стави до знаење што сака од Русија

ЗЕЛЕНСКИ ГО ОТКРИ УСЛОВОТ ЗА ПРЕГОВОРИ: Јасно стави до знаење што сака од Русија

Ова се заклучоците од мировниот самит за Украина во Швајцарија: Изјавата ја потпишаа 80 земји

Ова се заклучоците од мировниот самит за Украина во Швајцарија: Изјавата ја потпишаа 80 земји

НОВО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО НА ЕП ВО ХАМБУРГ: Фатени моментите на беснеење, вооружен напаѓач се заканувал, па „паднал“ на улица - 18+

НОВО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО НА ЕП ВО ХАМБУРГ: Фатени моментите на беснеење, вооружен напаѓач се заканувал, па „паднал“ на улица - 18+