ЕДЕН ЧОВЕК ПОЧИНА, НЕКОЛКУ СЕ ВО ТЕШКА СОСТОЈБА: Топлотен бран ги зафати Кипар, Грција и Турција
Објавено во: Свет 17 Јуни, 2024 16:11
Во Грција, Турција и Кипар температурите се искачија и до 45 степени Целзиусови.
Лице на возраст од 84 години почина од топлотен удар на Кипар. Веста ја потврди портпаролот на Државната здравствена организација на Кипар, Хараламбос Шарилау.
Тој додаде дека тројца постари пациенти се во тешка состојба поради топлотниот бран.
Грција мораше да го затвори својот познат Акропол за туристи оваа недела, бидејќи се подготвуваше за топлотен бран од 43 степени Целзиусови.Грција им понуди бесплатен одмор на Родос на туристите кои мораа да спијат на подовите на аеродромот додека чекаа да бидат евакуирани.
Уште повисоки температури има на островот Крит од 44,5 степени и на полуостровот Пелопонез 43,9 степени. Екстремно топлото време е предизвикано од јужните ветрови кои влечат топол воздух и прашина северно од Северна Африка. Претходните лета имаше и катастрофални пожари во повеќе држави.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




