ПРВ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТЕГ НА ПУТИН: Кој го предложи за нов премиер?
Објавено во: Свет 07 Мај, 2018
Рускиот претседател Владимир Путин и предложил на Државната дума да ја разгледа кандидатурата на Димитриј Медведев на местото премиер соопшти Кремљ.
„Согласно со точка А од Членот 83 и Членот 111 од Уставот на Руската Федерација претседателот ја поднел кандидатурата на Медведев на одобрување кај Државната дума за неговото именување претседател на Владата на РФ“, стои во соопштението.
Претходната Влада поднесе оставка денес на инаугурацијата на Владимир Путин.
Медведев има 52 години. Последните шест години беше на чело на руската Влада. Пред тоа , четири години беше претседател на државата.