29 Април, 2024
0.1270

Прва година со нула-приходи од електромобилите и велосипедите на Коце

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Цело лето измина а Јавното претпријатие „Градски паркинг“ не стави во функција за изнајмување ниту еден електроавтомобил или велосипед, покажува најновиот квартален извештај за месеците јули, август и септември.

Тоа значи дека во 2018-та за прв пат во една година не е регистриран приход од понудено, односно изнајмено еко-возило што го го има купено Град Скопје под управа на претходниот градоначалник Коце Трајановски.

Градот Скопје пред повеќе од пет години набави и стави во функција 12 електрични возила за туристичко разгледување на знаменитостите во центарот на градот, 10 електровелосипеди и 5 електротротинети; Истовремено стотици велосипеди се изнајмуваа на четири локации - катна гаража Св. „Кирил и Методиј“, јавните паркиралиште Градска Општа Болница и Градска Општа Болница „8 Септември“ и јавната површина наменета за паркирање зона Д3 (зад ТЦ Бисер) во Аеродром.

Станува збор за амортизирани и нефункционални возила и реквизити, кои најверојатно се тешки за одржување за ова јавно претпријатие, кое истиот период лани пријави повеќе од 50.000 денари приходи од електромобилите и велосипедите, што знаи дека тогаш, за разлика од оваа година, биле употребувани.

Зголемена добивка од паркинзи

„Градски паркинг“ од 1 јануари до 30 септември има за седум милиони денари поголем приход во однос на истиот период лани и 19,3 милиони денари добивка оваа година во разликата од вкупните приходи и расходи.

Наплатата кај сите паркинзи е зголемена, со тоа што е забележано намалување на бројот на претплати за зонско паркирање. Не е наведено колкави се приходите од новата наплата од паркинзите на Средно Водно и Св.Пантелејмон кај Горно Нерези.

„Пајакот“ работи турбо

„Пајакот“ бележи 2,5 милиони денари повеќе (вкупно 18,38 милиони до сега) од лани со наплатени казни за 10.754 возила, додека во 2017 нивниот број до 30 септември бил 8.881 возило. За време на последниот квартал се купени ново пајак-возило и шлеп-возило за 13,5 милиони денари.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи