ПРВА ЛИСТА ЗА 2017: Колку должници има УЈП?
Објавено во: Економија 13 Јануари, 2017
Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници.
На оваа листа има 4.546 должници.
Се работи за долгови доспеани до 30 септември 2016 и неплатени до 31 декември 2016 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
Должници има од цела Македонија, должат поединци и фирми со различни дејности.
Ова е прва листа на должници за оваа 2017 година.