Првата антикорупционерка: Се уште нема преставки за вработувањата
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2019
Билјана Ивановска, предводникот на новоформираната Комисија за спрелување на корупцијата, во Топ Тема на Телма изјави дека не е стигната до сега ниту една преставка за вработувањата на блиски роднини на јавни функционери, кои јавноста ги смета за непотизам и конфликт на интереси.
Нема ниту пријави од ВМРО-ДПМНЕ, но Ивановска вели дека и без преставки Комисијата ќе отвори предмет доколку увиди дека постои злоупотреба. Според неа, засега најспорно е тоа што иако органот на чие чело е новоформиран, очекувала да добие известувања од јавните функционери дека нивни роднини и сватови се вработиле.
-Она што е прекршено од избраните и именувани членови е член 56 од новиот Закон, каде вели дека избрано именувано лице, или одговорно лице во јавно претпријатие или друго правно лице е должно да ја извести Државната комисија за секој избор, именување или вработување на член на неговот семејство во државен орган, орган на локална самоуправа, јавно претпријатие или друго правно лице во рок од 10 дена од рокот на извршениот избор, именување, вработување, рече Ивановска.
Таа најавува дека овие денови ќе бидат објавени и првите предмети.