Први судири во „Мост“, Драго Пргомет исфрлен од партијата
Објавено во: Балкан 12 Ноември, 2015 16:22
Во партијата „Мост на независни листи“, од која најмногу се очекуваше да влијае на изборот на идната хрватска влада, и покрај тврдењата на нејзиниот шеф Божо Петров , се случил голем раскол. Драго Пргомет , поранешен дологогодишен член на ХДЗ, и противкандидат на Томислав Карамарко на изборите за лидер на таа партија е исфрлен од „Мост“.
Информацијата за тоа е објавена на официјалната страна на „Мост“ на социјалната мрежа Фејсбук а како образложение е наведено дека тоа се случило бидејќи тоај без знаење на колегите тајно синоќа се состанал со лидерот на СДП Зоран Милановиќ.
Повеќе не го сметаме за наш член- се наведува во информациите на „Мост“.
На Пргомет, меѓутоа му останува парламентарниот мандат и „Мост“, како што се наведува, како таков ќе го уважи, без разлика дали тој и понатаму ќе дејствува независно, ќе го поддржува „Мост“ или ќе и се придружи на некоја друга партија.
Хрватските медиуми констатираат дека од денес постојат шрактично два „Моста“.
Новинар на порталот 24 часа Борис Раше за регионалната ТВ Н1 рекол дека Хрватска веќе четири дена практично има два „Моста“.
„Околу Божо Петров застана една страна, а Пргомет формирал друга струја, во која се 11 застапници“ вели новинарот.
Ако дојде до повторни избори, по негова проценка „Мост“ за тоа ќе испадне виновник и тој се соменева дека на тој начин ќе биде награден. Како и да е, ако на изборите излезат два Моста-„ќе има потоп“.
„Мост“ е 'blind date', нацијата се заљубила слепо, наведува тој. Тоа не е јасна партија на препознатливи луѓе, туку желба на избирачите за нешто ново, а со тоа и одразот на тренд исчезнување на традиционални структури како новости на политичката сцена на Италија или избор на Миро Церар во Словенија.
Раше вели дека математиката сега неизбежно му оди на рака на Милановиќ, кој има 66 мандати.
Прашање на сите прашања во овој момент, вели, дали коалицијата на СДП ќе го поддржи цел „Мост“ или 11 од 19 застапници.
Поврзана статија: [button color="gray" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/11/10/most-hrvatite-ja-dobija-svojata-siriza/" target="blank" ]МОСТ: Хрватите ја добија својата Сириза?[/button]
Можеби ќе ве интересира
Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај




