Прво се расправале, па нападнале вработен на комплексот клиники „Мајка Тереза
Објавено во: Македонија 02 Август, 2020
Прво се расправале, а потоа и нападнале вработен на скопските клиники.
Две лица вчера нападнале вработен на комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На нападот во клиниката претходело недоразбирање, информираше МВР.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Oва не е прв ваков случај во земјава.
Досега повеќе пати имало напад на лица вработени во здравствените установи во Македонија.