Психолошки проблеми за носењето маска: Пандемијата го промени и карактерот на луѓето
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2020
Психологот Иван Модрушан коментираше зошто и покрај препораките и обврската за носење, одреден број на луѓе ги одбива маските. Бројни истражувања покажуваат дека носењето на маска би можело донекаде да го намали ширењето на коронавирусот и препоракате на експертите се дека луѓето треба да ги носат. Но, постои одреден круг на луѓе кој го одбива ова.
„Она што го забележив е дека голем број на луѓе се преправаат. Имено, маските ги носат на брада и таа не им ги прекрива носот и устата. Секако дека треба да се сфати дека на луѓето кои работат осум часа не им е лесно цело време да ја носат маската, мора да комуницираат со други, топло е и на многумина по некое време и недостасува воздух. Затоа ова кај многумина е само преправање, а не заштита, но сепак веруваат дека има некој психолошки ефект“ - истакна психологот Модрушан за РТЛ Денес. „Но, мислам дека и експертите се свесни дека носењето на маски, оние за еднократна употреба, во текот на целиот работен ден е сериозен проблем. Секако дека постои одреден круг на луѓе кој го одбива носењето на маски и би кажал дека тоа е до карактерот.“