28 Април, 2024
0.0276

Публицис Груп Скопје ја доби наградата за Најдобра агенција за настани на БЕАМ Фестивал

Објавено во: Мои пари 07 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Маркетинг агенцијата Публицис Груп Скопје, е добитник на три награди за извонредните настани кои ги организираше во текот на изминатата година.

Наградите за Најдобар настан за бренд активација и Најдобар културен/музички настан Публицис Груп Скопје ги доби за организацијата на настанот „150 DJ-и за 150 години Heineken: Незаборавни искуства“ – настан кој го привлече вниманието на целата јавност во регионот и претставуваше вистински хајлајт на летото 2023.

Забавата по повод 150 години Heineken испиша историја како прв и единствен настан во земјава кој успеал да собере 150 изведувачи на едно место. Публицис Груп Скопје го доби и најважното признание – Наградата најдобра агенција за настани (Најдобра BTL агенција) како заокружување на големиот број на успешно и одлично организирани настани во 2023 година за клиентите Македонски Телеком, Philip Morris, Скопско и Скопско Smooth, Avon, UNFPA, UNICEF,  Мерцедес, НЛБ Банка, Виталиа.

Наградите, но и самите успешни настани за паметење се резултат на напорната работа и на синергијата во Публицис Груптимот задолжен за организација на настани, кој постојано покажува дека не постои предизвик доволно голем за да ги изненади.

БЕАМ е фестивал кој има за цел да им оддаде признание на креативните идеи и настани, но и да се потенцира и поттикне важноста на настаните во маркетинг плановите на клиентите и компаниите. За наградите одлучува стручно жири составено од истакнати професионалци од креативни, маркетинг, ПР и ивент агенции, продукциски куќи и компании од Македонија, а се одбираат победници во вкупно 15 различни категории. Организатор на БЕАМ е Асоцијацијата на ивент индустрија ИВАП Скопје.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг