Пуштен во функција сајтот „Дома си е дома“, проверете дали сте еден од 117.112 добитници на ваучер од 6.000 денари

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2020 12:16
Конечната листа на 117.122 граѓани-добитници на ваучерите од 6.000 денари за туризам кои треба да ги добијат како дел од третиот пакет на економски мерки на Владата е објавен на веб-платформата domasiedoma.gov.mk koja od deneska e vo funkcija.
Ова денеска го објави министерот за економија, Крешник Бектеши, кој рече дека од една страна финансиски ќе се помогне на 117.122 граѓани да одат на летување, а од друга тоа ќе го поддржи туристичко-угостителскиот сектор во Македонија, како и местата кои до сега не беа познати и развиени.
- Завршени се сите постапки и официјално е пуштена платформата со која почнува реализацијата на мерката за издавање на ваучери за домашен туризам. Изготвени се списоците за добитниците за ваучери за домашен туризам, согласно уредбата која ја усвои Владата на Северна Македонија и согласно сите списоци кои беа доставени од Управата за јавни приходи, рече денеска Бектеши на прес-конференцијата.
Добитници на ваучери се вработените лица кои имаат помали приходи од 15.000 денари месечно.
Можеби ќе ве интересира
КОЛКАВИ СЕ МИНИМАЛНИТЕ ПЛАТИ ВО ЕУ? Огромна разлика меѓу земјите, еве една во која сигурно не би зажалиле да работите

АНАЛИТИЧАРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Царините се закануваат со драстичен пад на продажбата на автомобили и пораст на цените

ВАШИНГТОН ГО ТРЕСЕ СКАНДАЛ: Вистинскиот „Волк од Волстрит“ сесрдно го поддржа Трамп - „тој не манипулираше со пазарот“

СЕ ПОВЕЌЕ СЕ КУПУВААТ СТАНОВИ ВО ДУБАИ: Еве зошто Србите повеќе купуваат таму отколку дома

ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ ТУКА РАБОТАТ НА ЦРНО! Работа има, но нивните права се разнишани

НОВИ ПРАВИЛА ЗА СИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО АВИОН? Позната авиокомпанија одлучи да го укине чекирањето, еве што ќе го замени

БОИ ЗА ЈАЈЦА, ЈАЈЦА, МЕСО...АХВ уништи 1,230 килограми производи пред Велигден

„СОКРИЈТЕ СЕ, СРАМОТА Е, ПА СААТНИЦА ВО ГЕРМАНИЈА Е 14 ЕВРА“: Глигорова направи пресметка на трошоците, надминуваат 60 илјади денари

ИАКО ИМАШЕ МАНДАТ ОД ЧЕТИРИ ГОДИНИ, ДИРЕКТОРОТ СИ ЗАМИНУВА ПО ДВЕ - зошто поднесе оставка Марио Милер од „Краш“
