Пуштен во употреба супер-брз воз помеѓу двата свети исламски града
Објавено во: Економија 11 Октомври, 2018
Денес беше пуштен во употреба супер-брз воз на патот од Мека до Медина, двата свети градови на исламот во Западна Саудиска Арабија.
Ова утро два воза со 417 патници заминаа од овие градови еден кон друг со брзина од 300 километри на час, соопшти официјалната агенција на Саудиска Арабија.
Супербрзите возови ќе патуваат двапати дневно во двете насоки со должина од 450 километри со долга лента меѓу двата града преку пристаништето Жад.
Патувањето трае само два часа, а порано за тоа беше потребно два и пол пати подолго време.
Кралот Салман официјално ја отвори пругата на 25-ти септември, како најголем транспортен проект на Блискиот Исток, а денес таа исто така се користи и од редовните патници.
Кон крајот на 2011 година шпанскиот конзорциум Ал Сула, составен од 12 шпански и две саудиски компании, го доби скапиот договор пред германските, јапонските и француските конкуренти.