05 Мај, 2024
0.0277

Путин: Не бев убеден дека сакам таква судбина!

Објавено во: Свет 26 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Пред точно 15 години Путин ги освои првите претседателски избори. На 31 декември 1999 година, претседателот на Русија Борис Елцин објави дека се повлекува. Во своето обраќање тој рече дека „земјата има силен човек, достоен да биде претседател и со кого практично секој Русин има надеж за подобра иднина“.

Така Владимир Путин влезе во големата политика.

„Лента.ру“ објавува извадоци од интервјуто на Путин пред 15 години.

Кога Елцин рече дека сака да се повлече предвремено, нели се запрашавте: „Што зборуваш, Борис Николаевич, исклучено!“

Не, не почнав да го убедувам да не го прави тоа, но и не почнав да му се восхитувам, да му се заблагодарам и да го уверувам дека ќе ја оправдам неговата довербата. Мојата прва реакција беше - не сум подготвен ...

Кога ме назначија за премиер, беше интересно. Мислев - ќе поработам една година, и тоа е. Ако можам да ја спасам Русија од Разван, ќе можам да се гордеам со тоа. Тоа е цела фаза во животот. Но потоа ...

Две-три недели пред Нова година Борис Николаевич ме покани во својот кабинет и ми рече дека одлучил да се повлече. Па морав да станам извршител на должноста претседател. Тој ме погледна, чекаше што ќе кажам.

Седнав и молчев. Тој почна да објаснува подетално - дека сака да поднесе оставка уште во оваа година ... кога тој заврши почнав јас да зборувам, јас реков: „Знаете, Борис Николаевич, ако треба да се биде искрен, не знам дали сум подготвен за тоа, сакам да го знаеш тоа, бидејќи тоа е многу тешка судбина“. Не бев убеден дека сакам таква судбина ...

Тогаш тој ми одговори: „Кога дојдов тука, јас исто така имав други планови. Таков е животот. Јас исто така не сум се стремел кон тоа, но ете се случи така дека требаше дури да се борам за претседателската функција предвид на многу околности. Мислам дека и вашата судбина е таква, треба да донесете одлука. Нашата земја е огромна. Ќе успеете“.

Тој се замисли. Беше јасно дека не му е лесно. Воопшто тоа беше тажен разговор. Не се однесуваше многу сериозно кон назначувањето за премиер, а кога Борис Николаевич ми ја соопшти својата одлука, не бев сосема подготвен за тоа.

Од една страна ги имаш своите внатрешни аргументи. Но има и друга логика. Работите се собираат така што може да поработиш на највисоко ниво во земјата и за земјата. И е глупаво да кажеш: не, ќе продавам семки или ќе имам приватна правна практика. На крајот на краиштата, потоа можеш да го правиш ова. Прво тука ќе поработиш, потоа таму.

Што според вас е најважно за земјата? Главното?

Точно и јасно да се дефинираат целите. Овие цели треба да бидат разбирливи и достапни за секого. Како Кодексот на градителот на комунизмот.

И како ќе го запишете првиот ред на тој кодекс?

Моралните вредности.

Ќе бараме ли посебен пат за Русија?

Не треба ништо да се бара, се е веќе најдено. Тоа е патот на демократскиот развој. Природно, Русија е многу разновидна земја, но ние сме дел од западноевропските култури. И во тоа е нашата вредност, всушност. Каде и да живеат нашите луѓе - во Далечниот Исток или на југ, ние сме Европејци.

Останува и Европа да смета на истиот начин.

Ќе се стремиме да останеме таму каде што географски и духовно се наоѓаме. А ако не прогонат оттаму, ќе бидеме принудени да бараме сојузи. Задолжително.

Во што се состои проблемот на Русија во односите со НАТО?

Во тоа дека таму не се чувствуваме како целосни учесници во процесот. Но и како ќе го донесуваме целосното учество во изработката на одлуките, не гледам тука ништо страшно.

Ситуацијата во Југославија покажа дека решенија можат да се најдат и без Русија.

За тоа станува збор! Таквите односи не ни требаат.

Кој од политичките лидери ви е интересен?

Наполеон Бонапарта. - се смее

А сериозно?

Де Гол, веројатно. Ми се допаѓа и Лудвиг Ерхард. Многу прагматичен човек. Тој ја изградил новата Германија. Всушност кај него целиот концепт за обнова на земјата почнува со дефинирањето на нови морални вредности на општеството. За Германија тоа е исклучително важно по крахот на нацистичката идеологија.

Сакате ли вие да бидете претседател или не?

Кога станав извршител на должноста претседател, почувствував ... задоволство - можеби тоа не е вистинскиот збор - од тоа дека само земаш одлуки од помислата дека ти си последната динстанца, оттука од тебе многу работи зависат. И одговорноста исто лежи врз тебе. Да. Тоа е пријатно чувство на одговорност.

Јас си имам некои сопствени правила. Едно од нив е никогаш и за ништо да не жалам. Постепено стигнав до заклучок дека тоа е правилно. Кога ќе почнеш да се зажалиш и да се враќаш назад, почнуваш да разикуваш. Треба да ги анализираш природно, бидејќи во минатото може да има грешки. Но да се анализира е потребно за да се прилагоди твојот курс во животот.

Дали ви се допаѓа таков живот?

Треба да добиваш задоволство од процесот. Живееме за секоја секунда и оваа секунда никогаш нема да се врати.

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време