07 Април, 2025
0.0363

ПУТИН НЕМА ДА ГО ДОЧЕКА СЛЕДНИОТ РОДЕНДЕН - Шокантни тврдења на руски опозиционер: неговото сведочење е опасно

Објавено во: Свет 13 Јануари, 2023 15:22

Добивај вести на Viber

Рускиот опозициски политичар во егзил Илја Пономарев верува дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ја дочека следната 2024 година.

Пономарев беше член на руската Државна дума од 2007 до 2016 година, а сега е во Украина, каде што има државјанство, предводејќи го опозициското движење за кое се надева дека Русија ќе ја трансформира во функционална демократија.

Тој беше единствениот пратеник во рускиот парламент кој гласаше против анексијата на Крим во 2014 година.

Според него, најавата на Путин дека ги анектирал украинските територии кои Русија не може целосно да ги контролира, неуспешните напади на Киев и повлекувањата од Херсон и Харков може да доведат до тоа неговиот потесен круг да се сврти против него, пренесува Вечерњи лист.

„Моќта на Путин лежи во неговата позиција на алфа мажјак, како личност која е непобедлива. 2022 година беше година кога таа позиција почна да слабее. Мојата прогноза останува дека тој нема да го види следниот роденден“, изјави Пономарев за Newsweek.

Имено, Путин на 7 ноември полни 71 година.

„Мојот личен сон очигледно е да го видам во Хаг, но мислам дека тоа нема да се случи. Оние околу него нема да го пуштат да оди во Хаг бидејќи неговото сведочење всушност може да биде многу штетно за нив... Тој ќе биде убиен“, смета Пономарев.

Пономарев е еден од организаторите на Првиот конгрес на народни пратеници на Русија, група која се состана во Полска во ноември за да подготви устав за кој вели дека и нуди на Русија пат кон транзиција кон функционална демократија. Тој е автор и на книгата „Дали Путин мора да умре? Приказната за тоа како Русија станува демократија по поразот на Украина“.

Врски со Армијата на националниот отпор

Тој претходно зборуваше за неговите врски со малку познатата Национална армија на отпорот. Тој еднаш рече дека групата стои зад наводното убиство со автомобил-бомба на Дарја Дугина, ќерката на Александар Дугин, за кој се верува дека е влијателен кај Путин. Сепак, друг истакнат руски опозициски активист, шаховскиот шампион Гари Каспаров, ја нарече групата „лажна“.

Пономарев изјави за Newsweek дека е факт дека Армијата на националниот отпор стои зад смртта на Дугина, за што Русија ја обвини Украина, додека Киев негира вмешаност.

Говорејќи за Каспаров, тој посочи дека двајцата се согласуваат за политичкиот систем што треба да постои во постпутинска Русија, но се разликуваат за тоа каков треба да биде економскиот и социјалниот систем.

„Главната разлика меѓу нас е што тој ги води форумите и тие имаат многу интересни дискусии, но не се занимаваат со никаква практична политика“, додаде тој.

Фото: EPA/ SERGEY DOLZHENKO

Можеби ќе ве интересира

„НЕМОЈТЕ ДА БИДЕТЕ ГЛУПИ“: Трамп со порака до Американците

„НЕМОЈТЕ ДА БИДЕТЕ ГЛУПИ“: Трамп со порака до Американците

ДВЕ ДЕЦА ПОЧИНАА ОД СИПАНИЦИ ВО ТЕКСАС - епидемијата во САД се влошува

ДВЕ ДЕЦА ПОЧИНАА ОД СИПАНИЦИ ВО ТЕКСАС - епидемијата во САД се влошува

ВОВЕДУВААТ СМРТНА КАЗНА ЗА ПЕДОФИЛИТЕ - Ајдахо ги заострува казните за насилство врз малолетници

ВОВЕДУВААТ СМРТНА КАЗНА ЗА ПЕДОФИЛИТЕ - Ајдахо ги заострува казните за насилство врз малолетници

Политичка одмазда или задоволување на правдата? Раздор во Франција по пресудата на Марин Ле Пен и непријатни прашања за судството

Политичка одмазда или задоволување на правдата? Раздор во Франција по пресудата на Марин Ле Пен и непријатни прашања за судството

Израелската армија призна дека по грешка убила 15 болничари во јужниот дел на Газа - пронајден мобилниот телефон на една од жртвите

Израелската армија призна дека по грешка убила 15 болничари во јужниот дел на Газа - пронајден мобилниот телефон на една од жртвите

„ЌЕ ПОБЕДИМЕ“: илјадници Французи се собраа во Париз со цел поддршка на Марин Ле Пен

„ЌЕ ПОБЕДИМЕ“: илјадници Французи се собраа во Париз со цел поддршка на Марин Ле Пен

РАБОТАТА Е СТОПИРАНА, ОТКАЗИТЕ СЕ НЕИЗБЕЖНИ - многумина го обвинуваат Трамп и одлуката за воведување тарифи

РАБОТАТА Е СТОПИРАНА, ОТКАЗИТЕ СЕ НЕИЗБЕЖНИ - многумина го обвинуваат Трамп и одлуката за воведување тарифи

НАЈНОВАТА РАНГ ЛИСТА НА ГРАДОВИ СО НАЈМНОГУ МИЛЈАРДЕРИ - предводи Њујорк, еве колкаво богатство имаат поединечно

НАЈНОВАТА РАНГ ЛИСТА НА ГРАДОВИ СО НАЈМНОГУ МИЛЈАРДЕРИ - предводи Њујорк, еве колкаво богатство имаат поединечно

Еден од најголемите германски концерни на колена: Нов шок, филијалите се затвораат по 100 години, работниците без работа

Еден од најголемите германски концерни на колена: Нов шок, филијалите се затвораат по 100 години, работниците без работа