Еден од најголемите германски концерни на колена: Нов шок, филијалите се затвораат по 100 години, работниците без работа

Објавено во: Свет 06 Април, 2025 07:54
Концернот со повеќе од 100 години традиција веќе со месеци е во длабока криза и сега мора да преземе сериозни чекори. Минхенскиот BayWa или Bayerische Warenvermittlung landwirtschaftlicher Genossenschaften AG затвора 26 филијали, од кои речиси половина се наоѓаат во Баварија. Истовремено, ќе бидат укинати околу 1.300 од вкупно 8.000 работни места со полно работно време!
BayWa AG, компанија со стогодишна традиција и препознатливо име во секторите земјоделство, градежништво и енергетика, најави затворање на дури 26 филијали низ Германија!
Посебно погодени се секторите земјоделство и градежни материјали, а погоните за земјоделска механизација не се опфатени со кризата. Најголем дел од работните места ќе бидат укинати во седиштето во Минхен.
- Постоечката мрежа на експозитури беше анализирана според побарувачката и профитабилноста. Анализата покажа дека одредени подружници на градежни и земјоделски материјали не можат економски да се одржат долгорочно и затоа етапно ќе бидат затворени до крајот на 2027 година - изјави за Билд портпаролот на компанијата.
Отпуштања не се на одмет
Најголем дел од кратењето на работните места нема да има на терен туку во централните административни единици. Околу 40 отсто од работните места ќе бидат елиминирани токму таму - исто така до крајот на 2027 година.
- BayWa ќе дејствува што е можно посоцијално чувствително, но не можеме да исклучиме отпуштања поради деловни причини - рече портпаролот.
Една од главните причини за кризата се наведува како експанзивен и пребрз раст заснован на задолжување во време на евтини пари. Во моментов се зборува само за реструктуирање на високозадолжениот концерн. Стечај BayWe, очигледно, не е во прашање.
Историјата на BayWe започна во 1923 година. Во почетокот, компанијата беше специјализирана за снабдување на руралните области со се што е потребно за земјоделството. Многу брзо стана најголемиот трговец на земјоделски производи во Германија. Денес, концернот, според сопствените податоци, развива иновативни и одржливи решенија за основните животни потреби: храна, домување, греење, струја и мобилност, одржува 400 филијали низ Германија и има голема онлајн продавница.
Извор: Телеграф.рс
Фото: Принтскрин/Х
Можеби ќе ве интересира
„НИЕ СЕ ЗАЛАГАМЕ ЗА ЧЕКОР ПО ЧЕКОР ПРИСТАП КОН ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗЕМЈИТЕ КАНДИДАТИ“ - новата Влада во Германија смета дека мора да им се помогне на земјите од Западен Балкан

„ЧОВЕКОТ ОД МИНАТОТО“ БУДИ ГОЛЕМИ НАДЕЖИ: Портрет на идниот нов канцелар на Германија, Фридрих Мерц

ЌЕ ЗАМИНЕ ЛИ ЗЕЛЕНСКИ? Тоа е желбата на Трамп и Путин

МАКРОН СЕ ОГЛАСИ НА СРПСКИ ПО СРЕДБАТА СО ВУЧИЌ: „Повторно му укажав колку Франција придава значење на демократската и европската иднина на Србија“

ЌЕ СЕ ОСТВАРАТ ЛИ НАЈАВИТЕ - Пентагон работи на повлекување на 10.000 американски војници од Европа
„Човек кој никогаш не бил министер го презема раководството на првата европска сила“: Кој е Фридрих Мерц, идниот канцелар на Германија?

„ЈАС СЕ БОРЕВ ДА СЕ НАЈДЕ КОМПРОМИСНО РЕШЕНИЕ“: Вучиќ по средбата со Макрон

ТЕКТОНСКИ ПРОМЕНИ ВО ГЕРМАНИЈА! Најавени се депортации, се воведува нов модел на воена служба - постигнат договор за новата влада

(ВИДЕО) ОВА Е МОМЕНТОТ КОГА СЕ РУШИ КРОВОТ ВО ДИСКОТЕКАТА: Голема трагедија во ноќен клуб во Доминиканска република
