Путин: Проектот „Турски поток“ не ја изгуби динамиката
Објавено во: Балкан 13 Ноември, 2015 15:27
Проектот за гасоводот „Турски поток“ не ја изгуби динамиката. Тој одговара на интересите на Русија, исто така и на Турција, но е потребна детална анализа. Тоа го изјавил рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од агенциите.
„Не можам да се согласам дека „Турски поток“ ја има изгубено динамиката. Толку голем проект не може да биде постигнат и договорен за еден час“, изјавил Путин.
Тој истакнал дека во проектот има „премногу правни, техничко-економски, технолошки и организациски прашања, вклучувајќи го бројот на делницата на гасоводот со оглед на реалните потреби“. Сето ова треба да биде одлучено заеднички од руските и турски преговарачи.
„Колку поквалитетно решение имаме за овие прашања, толку побрзо, со помали ризици и трошоци ќе го исполниме смислено, ќе ја обезбедиме континуираната испорака на руски гас директно за турските корисници. Најважно е дека овој проект целосно одговара на интересите на Русија и Турција. Во тоа целосно се согласувам со мојот турски колега Реџеп Таип Ердоган“, истакнал Путин.
Господарот на Кремљ потсети дека Русија во јули оваа година и ги предаде на турската страна своите размислувања по билатералниот меѓувладин договор, со што треба да се создаде потребната правна основа за реализација на проектот за гасоводот. „Се надеваме дека новата турска влада ќе може во кратки рокови да ги анализира клучните аспекти на споменатата спогодба“, изјавил Путин.
Можеби ќе ве интересира
Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај




