Путин тврди дека НАТО ја провоцира Русија и ја става во конфронтација
Објавено во: Свет 16 Февруари, 2017
Владимир Путин смета дека НАТО со своите дејствија ја провоцира Русија и се обидува да ја внесе во конфронтација. На колегиумот на Федералната служба за безбедност (ФСБ) државниот шеф на Русија потсети дека „ограничувањето на Русија е прогласено како нова мисија на НАТО“.
„Со оваа цел се врши понатамошно проширување на блокот - тоа всушност се случуваше и порано, но сега тие најдоа друго, како што им се чини, посериозно образложение со кое се забрзаа процесите на распоредување на стратешките и обични вооружени водечки држави надвор од националните граници кои влегуваат (во Алијансата )“, истакна Путин, цитиран од агенциите.
„Нас всушност, постојано не провоцираат и се стремат да не стават во конфронтација“, рече уште шефот на Русија.