Путин тврди дека неколку земји размислуваат да си заминат од ЕУ
Објавено во: Свет 20 Ноември, 2019
Можно е некои источноевропски земји да размислуваат за излез од Европската Унија.
Рускиот претседател ова го кажал пред учесниците на инвестицискиот форум „Русија повикува“ и потсетил дека несогласувањата во ЕУ започнале заради системот на распределба на фондовите, кои предвидуваат значителна поддршка во износ од неколку десетици милијарди евра.
„Некаде околу 2028 година поединечни источноевропски земји ќе достигнат такво ниво на економски развој, заради што нема да мораат да плаќаат. Не сум сигурен дека тогаш не би го повториле размислувањето на Велика Британија (за напуштање на ЕУ)“ – рекол Путин.
Шефот на руската федерација изјавил дека „Русија е спремна за соработка со САД во иста мера како и Вашингтон“, пренесува ТАСС.
Тој се надева дека домашните политички фактори во САД на крајот ќе престанат да влијаат на односите со Русија.