ПУТИН ЗА ЗАКАНИТЕ НА ТРАМП КОН БРИКС: Едно е да се забрани употребата на доларот, а друго да не се користи доларот
Објавено во: Економија 04 Декември, 2024 16:54
Се огласи рускиот претседател Владимир Путин по заканите на новиот американски претседател Доналд Трамп до земјите од БРИКС.
Путин рече дека на Трамп не му треба никаков совет.
„Трамп е таква личност на која не му требаат совети или препораки“, рекол рускиот лидер на ВТБ форумот „Русија повикува!“.
Коментирајќи ги заканите на Трамп дека ќе воведе царини на стоки од земјите на БРИКС доколку тие создадат сопствена валута или го напуштат доларот, Путин додал дека забраната и некористењето се различни работи.
„Тој (Трамп) рече дека ако некој забрани, ограничи користење на долари, ќе реагира соодветно. Тоа не се исти работи. Едно е да се забрани употребата на доларот, а друго да не се користи доларот. Разбирате, тоа се сосема различни работи“, вели Путин.
Тој додал дека новоизбраниот претседател не бил во Белата куќа четири години и за тоа време се случиле одредени промени во економијата, во светската и американската економија.
Претходно Трамп им се закани на земјите од БРИКС со „100 отсто царини“ доколку не се откажат од плановите за создавање алтернативна валута на доларот. Путин претходно кажа дека е рано да се зборува за создавање единствена валута на БРИКС. Инаку, од БРИКС настојуваат да имаат што повеќе членки и земји партнери.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




