20 Декември, 2025
0.0498

Работа има, ама Црногорците на сакаат да работат сезонски

Објавено во: Балкан 18 Август, 2013 18:42

Добивај вести на Viber

Црна Гора за првпат, оваа година забележа раст на невработеноста за време на туристичката сезона, а статистиките покажуваат дека две третини од сезонските работници овде доаѓаат од странство, главно од Балканот. Во анализата Дојче Веле бара одговор на прашањето, зошто Црна Гора вработува сезонци од странство кога неделава како невработени беа пријавени 30,5 илјади лица, или 1,2% повеќе од неделата претходно. Официјалните податоци покажуваат дека невработеноста во земјата е 13,14%, а претставниците на Министерството за труд и на Заводот за вработување, признаваат дека не знаат зошто Црногорците не работат сезонски. Според Аријана Николиќ Вучиниќ, помошник на министерот за труд,  стопанствениците најверојатно веќе стекнале искуство со луѓето од регионот, па сега е тешко луѓето за кои знаат дека работат добро да ги заменат со нови. За претставникот на Унијата на слободни синдикати на Црна Гора, Звонко Павичевиќ, одговорот лежи во мрзеливоста, а согласен е со претставничката на Министерството за труд дека сезонските работи не се доволна мотивација за граѓаните од северот на земјата, затоа што не го решаваат животното прашање. Сфаќајќи колку е важно, особено во време на криза, парите од сезоната да остануваат во земјата, министерствата за туризам и за труд и социјална работа даваат поддршка, а Заводот за вработување ја реализира кампањата „Да ги вработиме нашите за сезонски работи“. Иако и самите сега констатираат дека во оваа сезона има 67% странски и 33% домашни сезонски работници, претставниците на овие институции кампањата ја оценуваат како успешна. Ова го правдаат со податокот дека сега во Црна Гора работат околу 9 илјади сезонци, а минатата година имало околу 8 илјади. Владата исто така го ограничи и бројот на работните дозволи за тие во странство, па годинава се издадени 16,5 илјади работни дозволи, наспроти ланските 22 илјади дозволи, пишува Дојче Веле.    

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација