РАБОТА, ОБУКИ, СТИПЕНДИИ: Искористете ги овие шанси
Објавено во: Економија 06 Октомври, 2018
За луѓето кои се невработени, ви нудиме неколку активни огласи на кои можете да се пријавите.
Доколку сакате да работите во компанија со традиција и присуство на македонскиот пазар повеќе од 25 години, да работите во динамична работна средина, имате желба за работа во дистрибутивниот сектор и сте комункативна личност тогаш ова е работата за вас! Место: Гевгелија Позиција: Дистрибутер- комерцијалист Огласот е активен до 12 октомври. Детали овде.
Ле Гранд Казино во Скопје и Битола организира обука за Крупиери/ки со професионални предавачи со долгогодишно искуство во работењето, каде ќе ви ги пренесат тајните и правилата на оваа професија. Можете да се пријавите до 11 октомври. Повеќе овде.
ИМАШ СУПЕР СТАРТ-АП БИЗНИС ИДЕЈА??
ИСПРАТЕТЕ НИ ЈА ВАШАТА СТАРТ-УП БИЗНИС ИДЕЈА И ОСВОЈТЕ СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА! Конкурсот трае до 15 октомври. Детали овде.
Асоцијацијата на Чивнинг Стипендисти во Македонија (МЦАА) со поддршка од Програмскиот Фонд за Чивнинг Алумни (CAFF) организира Тркалезна маса со Чивнинг стипендисти од регионот (Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора и Бугарија) со фокус на перспективите за Западен Балкан по Лондонскиот Самит. Огласот е активен до 9 месецов. Детали овде.