РАБОТА ВО СТРАНСТВО: Плата од 3600 евра, сместување и храна
Објавено во: Економија 26 Април, 2017
Ресторан во Исланд бара готвачи, а условите кои се нудат се примамливи.
Платата е 3600 евра, се нуди сместување, храна, а секое дополнително работење е платено.
Ресторанот Fjalladýrð е на североистокот од земјата, а во него работат 18 луѓе.
Во огласот стои дека сега им се потребни двајца готвачи.
Додаваат дека кујната е добро организирана, но мора да се работи под притисок затоа што големи групи кај нив доаѓаат на вечера.
Готвачи им требаат од 10 мај до 10 јуни.
Работното време е 10 часа, а месечно има 172 часа прекувремена работа која е платена.
Кандидатот треба да имам од една до три години искуство и да го познава англискиот јазик.