14 Мај, 2024
0.0241

Работна средба со раководството на ВМРО-ДПМНЕ – размена на мислења околу економските прашања од значење за бизнисот

Објавено во: Мои пари 28 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Во насока на спроведување редовни консултации со најголемите политички партии во Република Македонија, претставници на раководството на Стопанската комора на Македонија остварија работна средба со раководството на ВМРО-ДПМНЕ, предводено од претседателот проф. д-р Христијан Мицкоски. При првата заедничка средба меѓу двете раководства, реализирана на 1 март оваа година, беше заеднички констатирано дека ќе се интензивира дискусијата за сите отворени економски прашања, преку одржување почести средби, со цел да се обезбеди поддршка за решенијата кои се значајни за потребите и интересите на бизнис-заедницата, без оглед на тековните политички случувања.

Во оваа прилика се разговараше за стратешката определба на Комората извозната диверзификација и модерната реиндустријализација да бидат фундаментални процеси во забрзување на растот на македонската економија, која беше презентирана на Научната конференцијаорганизирана од страна на МАНУ, НБРМ, Владата на РМ и Стопанската комора на Македонија на 4 и 5 октомври 2018 година во Охрид. Од исклучителна важност за успешност на овој процес е што кон истиот се приклучува и ВМРО-ДПМНЕ, со што е постигнат консензус дека е неминовна потребата да се изврши преструктурирање на индустриската политика преку пренасочување на ресурсите од индустриските дејности со пониска додадена вредност, кон сектори и производи кои имаат повисока додадена вредност и продуктивност, со цел подобрување на индустриските перформанси на целокупната економија и зголемување на извозната конкурентност. Воедно, неопходно е  спроведување на економски политики кои ќе го поттикнат процесот на модерна реиндустријализација (зголемување на учеството на преработувачката индустрија во БДП) и ќе го забрзаат процесот на извозна диверзификација (преку зголемување на бројот на извозни производи кои имаат повисок степен на финализација во рамките на глобалните синџири на снабдување), со што овие структурни промени во самата економија ќе генерираат високи и одржливи стапки на економски раст.  

Тргнувајќи од податокот дека ограничувањата во остварувањето на повисоки стапки на раст се должи пред сé на недостатокот од соодветен стручен кадар, на средбата беше отворена и темата за неопходна реформа во образовниот систем, а не помалку важни се и прашањата за спроведување реформа во правосудниот систем и јавната администрација, со цел испорака на квалитетни и брзи државни услуги што му се потребни на бизнисот.

И оваа средба покажа дека Стопанската комора на Македонија, како најголема, најстара и најбројна бизнис-заедница во Република Македонија, цврсто стои на својата определба дека држењето настрана од политиката е наша суштинска определба скоро еден век, а нашата основна функција е да се обидеме ставовите, анализите и мислењата на бизнисот да бидат еднакво третирани со сите други, при градење на економските политики.

Потребен ни е консензус за најважните економски прашања, а тоа го правиме со овие средби, на кои низ разговор со најзначајните чинители на економската политика, се обидуваме да постигнеме заеднички ставови по клучните економски прашања. Неопходно е да опстане консензусот околу независноста на монетарната политика и обезбедувањето директна буџетска поддршка на извозот и индустријата, ако сакаме високи стапки на раст во наредниот период.


Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН