27 Април, 2024
0.0268

РАБОТНИ МЕСТА ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО: Што ќе се случува следните месеци?

Објавено во: Економија 19 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во првото тримесечје од 2018 година е поголем за 0.1 процентен поен во однос на четвртото тримесечје од 2017  година, а е зголемен за 0.7 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2017 година. 

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни во однос на претходното  тримесечје. 

Очекувањата за бројот на вработени се дека ќе останe речиси непроменет во наредните три месеци. Оценката за економската состојба во првото тримесечје од 2018 е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а е еднаква како во првото тримесечје од 2017 година. Сегашната состојба со порачки (договори) на нивните 
деловни субјекти е понеповолна, додека оценката за финансиската состојба е поповолнa во однос на претходното  тримесечје. 

Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата  и опремата се над нормалата. 

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: нема побарувачка со 21.8 %, зголемени трошоци за материјали со 20.9 %, конкуренција во сопствениот сектор со 17.0 % и неповолни временски услови со 11.3 %.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра