17 Јануари, 2025
0.0297

Радијата колатерална штета од забраната на македонска музика

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Забраната за емитување на македонска музика се уште е на сила откако здружението на автори ЗАМП наведе дека е незадоволно од односот на министерството за култура кое ги принудило на ваков непопуларен чекор. Веќе десетина дена на македонските радија не може да се чуе македонска песна што директно влијае врз програмската шема но, и на публиката која се намалува.


- Програмската шема на Радио Фортуна е навистина погодена бидејќи ние емитуваме само македонска и „ју“ музика па сега имаме голем проблем бидејќи е забрането емитување на македонска и српска музика. Тоа се одразува и на самите слушатели кои се навикнати на програмата, па од овој судир меѓу ЗАМП и владините институции ние како радио сме колатерална штета. Во поглед на некои наводи дека медиумите не ги исплаќаат своите обврски тоа апсолутно не е точно, можеби некој доцни, но сите средства се подмирени, а ЗАМП има и можност сам да наплати и да ја блокира сметката. Навистина сме зачудени, како организација која е формирана да ги штити авторските права воведува ваква забрана. Во последните години водевме толку кампањи за употреба на македонскиот јазик, незамисливо е заради одреден спор да се забрани македонската песна, ни одговори уредникот на Фортуна ФМ кој смета дека ова радио е колатерална штета на судирот меѓу ЗАМП и државните институции.

ЗАМП и Министерството за култура се во тивка војна која се води преку соопштенија и речиси и да нема никакви изјави надвор од утврдените позиции за медиумите иако на повеќе наврати се обидовме да добиеме конкретен одговор.

Од ЗАМП и понатаму тврдат дека неосновано се оцрнува нивната работа и се прават обиди да им се одземе лиценцата.

- Зошто Министерството и понатаму ја замајува јавноста? Забраната што ја донесоа авторите која, повторуваме, не е популарна мерка, произлегува токму од неприкосновеното нивно право да дозволат или да забранат емитување на нивните дела. Според тоа, таа е јасна, разбирлива и целосно кореспондира со авторското право. Авторите, кои се најзаинтересирани да се користи нивната музика, бидејќи само на тој начин ќе остваруваат приходи, свесно се откажаа од приходите што ги остваруваат од јавното изведување на нивна музика за да го изразат својот револт и несогласување со потценувачкиот и деградирачки однос што им го наметнува Министерството за култура преку фаворизирањето на тарифникот на СОКОМ МАП, посочија од ЗАМП.

Додека не се реши овој проблем меѓу ЗАМП и Министерството за култура во Македонија и натаму нема да се емитува македонска музика.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби