Радикални исламисти му се заканувале по живот на Мицкоски откако даде поддршка на Израел

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2021 15:48
Oпозициската партија ВМРО-ДПМНЕ информира дека откако нивниот лидер Христијан Мицкоски даде поддршка на Израел, на правото на самоодбрана на Израел, тој се соочил со големи организирани напади од радикални исламистички структури кои му се закануваат по неговиот живот и животот на неговото семејство.
Партијата реагира затоа што досега не виделе никаква реакција од МВР за да го заштитат Мицкоски.
Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ направи паралела за според него двојните аршини на МВР под водство на Спасовски, кое во едни случаи експресно реагира, а во други, кога треба да се заштити некој политички неистомисленик на Заев, нема реакција.
Николоски го повика МВР да реагира, во спротивно како што кажа тој тоа ќе значи дека Оливер Спасовски и Зоран Заев ова го прават намерно и тенденциозно.
Пред два дена, Мицкоски со објава на социјалните мрежи даде поддршка на Израел.Можеби ќе ве интересира
НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА: Србин спаси девојче од Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По една година владеење Мицкоски се пофали со многу проекти, СДСМ вели дека граѓаните се соочуваат со економска криза

МИЦКОСКИ: Веќе вклучуваме во 5-та, па и 6-та брзина и очекувам преку 400 проекти

МНР: Избегнувајте патувања во земјите од Блискиот Исток

ГЕОРГИЕВ ОД БРИСЕЛ: Бугарија е доследна, проширување ќе има само ако се почитуваат договорите

ИСЛАНД Е НА ВРВОТ: Каде е Македонија на листата на најбезбедни земји во светот?

„Запознајте го Бујар Аземи, сопственик на небезбедната зграда - без документација, без одобрение за градба“: Арсовска продолжува со шокантните објави
Обвинение за членот на полициското обезбедување на премиерот Мицкоски
