Рајанер се посериозен за купување на Алиталија
Објавено во: Економија 15 Септември, 2017
Германскиот нискобуџетен авиопревозник Рајанер е се посериозен во намерите да ја преземе компанијата Алиталија која е во огромни финансиски проблеми со достава на официјална понуда.
Директорот на ирскиот превозник, Мајкл Олеари, рекол дека планира да купи нови авиони за Алиталија и да го задржи брендот.
Засега не се откриваат детали за можната сума која Рајанер би ја понудил, но тие не се единствен „играч“ кој има амбиции за купување на Алиталија.