14 Декември, 2025
0.0438

„Ракот не е смртна пресуда“: На Македонката Ана Марјановиќ болничките ходници ѝ станале дневна соба, гледала како пациентки се борат за надеж

Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2025 10:41

Добивај вести на Viber

Од онколошките пациенти можеме да научиме многу за животната мотивација, за еланот и енергијата, за љубовта кон сопственото тело и секако за важноста на човечкиот живот, тогаш животот навистина се живее како еден, единствен и неповторлив.

Во прво лице еднина за „Женски магазин“ Ана Марјановиќ - онколошка пациентка и активистка за правата на онколошките пациенти, која својата макотрпна животна борба со болеста, но и со нефер односот на општеството и здравствените институции ја претвори во надеж која ја дели со сите оние што ја доживуваат или ќе ја доживуваат сличната судбина со неа. Несебична и срдечна, храбра и инспиративна, здрава во духот и полна со живот. 

Приватна архива

Кога ја дознавте дијагнозата? Како ви беше соопштена?

-Моето патување започна четири години пред да добијам официјална дијагноза, кога првпат почувствував грутка во градата. Тогаш ми рекоа дека станува збор за инфекција во дукталната леќа која бараше хируршка интервенција. По операцијата ми препорачаа да одам на редовни прегледи – совет што ми остана длабоко врежан во сеќавањето. Почнав редовно да правам самопрегледи и годишни контроли.

Но кон крајот на есента 2019, почувствував дека нешто не е како што треба. Не беше исто како порано. Интуитивно знаев дека треба повторно да одам на преглед, иако ми рекоа дека сè е во ред. Потоа дојде пандемијата и сè стана уште покомплицирано, но моето тело не престануваше да ми испраќа сигнали.

Отидов на уште еден преглед шест месеци подоцна, и радиологот речиси ја пропушти грутката. Инсистирав да ја прегледа повторно, бидејќи знаев дека нешто не е во ред – и конечно ја виде. Не можеше точно да одреди што е, но беше јасно дека мора понатаму да се испита. Побарав второ мислење, направив биопсија и конечно ја добив дијагнозата – рак.

Ова го споделувам како потсетување: верувајте си на себе. Никој не го познава вашето тело подобро од вас самите. Бидете упорни, барајте второ мислење. Тоа може да ви го спаси животот, како што го спаси и мојот.

Која беше вашата првична реакција?

-Чудно, ама длабоко во себе знаев уште пред да ми го кажат. Како да имаше глас што веќе ми ја кажал вистината. Кога конечно ми го соопштија, слушнав само едно: „Да, потврдено е. Имаш рак.“ Сè друго беше како низ магла.

Излегов од ординацијата и седнав на клупа. Сакав само да ја осетам тишината и да ја прифатам веста. Мислите ми беа кај моите момчиња и родителите. Бев на 38 години, разведена, штотуку почната на нова работа, со две мали деца на кои им бев потребна. Стравот беше огромен. Но во исто време бев некако спокојна. Седев таму и си велев: „Смири се, девојко. Ќе се справиш. Ова е уште еден тест од животот – и ќе го положиш.“

Дали е вистина дека онколошките пациенти поинаку гледаат на животот?

-Можеби „посериозно“ не е точниот збор, но дефинитивно гледаме поинаку. Ова патување ме научи дека најважната личност во мојот живот сум јас самата. Звучи себично, но не е. Ако не се грижам за себе, како ќе можам да се грижам за другите?

Грижата за себе не е само тренд – таа е нужност. Да си го испиеш кафето на раат, да си дозволиш момент само за себе, да не се грижиш за секоја ситница. Секој ден е подарок и од нас зависи дали ќе најдеме радост во него – дури и во најмалите нешта.

Ракот на дојка ме научи да не го земам животот здраво за готово. Луѓето често живеат како утре да е загарантирано, а никој од нас не знае што носи следниот ден. Денес живеам свесно, со намера, ценејќи го она што го имам, наместо да се трошам на нешта што не можам да ги сменам, за нештат врз кои немам контрола.

Зошто ја почнавте борбата за онколошките пациенти? Што ве натера?

-Мојата приказна, за среќа, е позитивна. Од почеток до крај терапијата ми помина без поголеми компликации, и многумина ми велеа дека тоа е благодарение на мојот позитивен став. Но јас знам дека беше и поради моите „пеперутки“ – жени што ми беа поддршка со совети и охрабрување. Без нив ќе бев изгубена.

Но, меѓу нив имаше и такви што не беа толку среќни. Ги гледав на клиниката како се борат за лек, за надеж. Кога избувна скандалот, бевме на првиот протест. Но брзо сфативме дека фокусот не е на пациентите – туку на политика. Не ни се допадна тоа. Решивме дека ќе ја бараме правдата сами. Побаравме средба со обвинителството и поднесовме барања – одговорност, вистина, и независна експертска комисија што ќе ги разгледа случаите.

Така започна мојата заложба, сватив колку се неопходни промени, колку некој пациенти немаат глас. Се приклучив на ХЕМА-ОНКО за да работиме на подобрување на условите да им дадеме глас на сите пациенти. Последната година имаме и резултати – нови лекови, мали победи. Но честопати се удира во ѕид – административен, бирократски, човечки. Затоа не застануваме. Затоа оваа борба продолжува. Уште многу треба да се постигне да се промени.

Целото интервју на Женски магазин

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово