Раководни структури на Интегра преминуваат во ВМРО - ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2020
Oд ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека раководни структури на Интегра преминуваат во нивните редови.
Денеска по тој повод, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе оствари средба со раководството на Интегра.
Како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, состанокот е во насока на најавеното окрупнување на опозицијата, а во 12.30 часот ќе бидат дадени изјави за медиумите.
Интегра е македонска конзерватива партија која на овие избори не успеа да влезе во Собранието.