Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје

Објавено во: Економија 30 Март, 2025 09:50
Премиерот на Албанија, Еди Рама, претставувајќи го планот за транспортни инвестиции од 2026 до 2029, рече дека најголемото комерцијалмно пристаниште на Јадранот - „Порто Романо“, што ќе се гради во Драч ќе има две „суви“ подружници во Приштина и Скопје.
- Албанската влада тројно ќе ги зголеми постоечките капацитети во однос на потенцијалот на старото пристаниште, но пред се тоа ќе биде срцето на новиот трговски систем, создавајќи можност за отворање на две суви пристаништа во Приштина и Скопје и Албанија да стане референтна точка на Медитеранот. Од друга страна, новото пристаниште нема да биде само комерцијално пристаниште, туку ќе има и свое воено крило, како пристаниште на НАТО, рече Рама.
Според претходните преговори, кои се водеа пред три години, двете влади - македонската и албанската, споменаа суво пристаниште во Струга. Владата во 2022 соопшти дека на Република Северна Македонија и се доделува бесплатен пристап до дел од пристаниште, Порто Романо во Драч, а следствено на тоа, нашата држава ќе изгради суво пристаниште во Струга.
„Целта е, според констатираното, подобрување на инфраструктурното поврзување, ефикасноста на транспортот за транзитни товари помеѓу трговски пристаништа во Република Албанија и Република Северна Македонија и безбедност на мрежата за снабдување во регионот“, соопшти тогаш владата.
Можеби ќе ве интересира
ПО ПОСКАПУВАЊАТА: Граѓаните и фирмите лани ги преплатиле услугите на „Катастарот“

Што се случува со УЈП? Фирми подолго време не може да исплатат плата

ДЕНЕСКА СТАРТУВААТ НАЈАВЕНИТЕ ТАРИФИ - Што се знае за планот на Трамп за огромни царини?

Одлични вести од најголемите охридски хотели! Како „Хотели Метропол“ планира да ја зголеми добивката за 55 отсто?

ВЛАДАТА ПОВТОРНО ЌЕ ГИ ПОМАГА ВЕСНИЦИТЕ – и оваа година ќе им даде пари за печатење и дистрибуција

АИ ОДГОВОРИ КОИ ПРОФЕСИИ ЌЕ ГИ ЗАМЕНИ: Еве што вели вештачката интелигенција

ЦЕЛОСЕН КОЛАПС НА ЕВРОПА: Погрешните потези доведоа до целосно самоуништување (ВИДЕО)

ТРЕНДАФИЛОВ ПРЕДЛАГА: Минималец од 500 евра за мене и за сите функционери во наредните 12 месеци
