13 Мај, 2024
0.0432

Рама: Вакцините пристигнуваат во третата недела од јануари, ќе донираме и за Косово

Објавено во: Балкан 02 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Премиерот на Албанија, Еди Рама, рече дека се обезбедени 500.000 дози вакцина на Фајзер против коронавирусот и дека земјата ќе донира одредена сума за Косово.

Рама во видео порака рече дека првите дози на вакцината, вкупно 10.750, ќе пристигнат во Албанија „на почетокот на третата недела од јануари“, а другите дози ќе бидат доставени во февруари.

„Ова е најдобриот можен почеток на годината“, рече Рама.

Тој ја критикуваше Европската унија, која, како што рече, ги остави настрана земјите од Западен Балкан кога станува збор за набавка на вакцини против вирусот корона и истакна дека Албанија „нема да му сврти грб на Косово“.

„Донираме одредена сума на Косово со цел да ги вакцинираме здравствените работници во болниците во Приштина, така што хероите во Косово можат да започнат вакцинација истовремено со нашите херои“, рече премиерот на Албанија.

Тој исто така изјави дека ги замолил официјалните лица на Министерството за здравство во Албанија да контактираат со нивните колеги на Косово.

Косово планира да ја обезбеди вакцината преку програмата Ковакс, за која аплицираше на 7-ми декември. Тоа е програма на Светската здравствена организација (СЗО) која има за цел да достави вакцини во посиромашните земји.

Засега, Косово не потврди дали во тек се преговори со „Фајзер“ за набавка на вакцината, наведувајќи дека разговорите се доверливи.


Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!