Ранко Бубамара: Во Македонија нема ни да играме ни пееме, ќе си поќутиме
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2016
Ранко Петровиќ од популарното скопско радио Бубамара, духовито реагира на забраната за емитување на македонска и српска музика. На прашањето што мисли за забраната, како и за проблемите со авторските права кои се појавија во изминатите години еве што одговори за faktor.mk :
- До пред некое време, кога ќе ни дојдеа гости и уметници од друга земја со голем восхит знаеја да кажат „во Македонија ако пееш ќе те натпеаат, а ако играш ќе те надиграат“ - за жал дојде време кога не може да слушнеш некој да пее, а ниту да видиш некој да игра - ни остана само да си по - ЌУТИМЕ.
На прашањето како гледате дека би можел да се реши проблемот, Ранко Бубамара во негов стил едноставно ни одговори :
- Едните треба да бараат помалце , другите да даваат повеќе , а третите да се потрудат - животот да ни биде песна, убава и лесна, истакна Ранко Бубамара.