18 Април, 2021
0.0217

ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА СКОПЈЕ АПЕЛИРА ДО ГРАЃАНИТЕ РЕДОВНО ДА ОДАТ НА ПРЕГЛЕД

Раното дијагностицирање на хематолошки малигни заболувања може да спаси живот

Објавено во: Македонија 07 Април, 2021

Пред повеќе од една година новиот коронавирус започна да се шири низ светот и предизвика пандемија, а со тоа и кризна состојба на светско ниво. Она што навистина загрижува е тоа што што поради стравот и мерките на претпазливост пациентите одбегнуваат да одат на рутински прегледи кај своите матични лекари и се почесто одлучуваат да останат дома дури и кога имаат симптоми и нарушено здравје.

Ваквата состојба е особено загрозувачка за лицата кои имаат хематолошки заболувања. Тие не се изложени на поголем ризик да бидат нападнати од коронавирусот, но се изложени на опасноста од неоткривање на болеста на време. Токму поради тоа, директорката на Универзитетската Kлиника за Хематологија, проф. д-р Ирина Пановска Ставридис апелира до граѓаните кои имаат потреба за преглед или лекарска консултација да не го одложуваат одењето на лекар бидејќи раното дијагностицирање и соодветниот третман на хематолошките малигни заболувања имаат клучно значење за излекување и успешен клинички исход од третманот. Ако пациентите се третираат навремено, многу од нив може да се излекуваат и да имаат долг и квалитетен живот.

“Пандемијата со КОВИД-19 има големо влијание врз времето потребно за поставување на финалната дијагноза кај пациентите кои страдаат од хематолошки малигни заболувања. Дисконтинуитетот во патот на дијагностика на пациентот со малигна лимфаденопатија доведе и до намален број на ново дијагностицирани пациенти. Голем дел од пациентите од страв од самата пандемија остануваат дома, самите неможат да ги препознаат симптомите на малигна лимфаденопатија и сето ова води кон задоцнето поставена дијагноза, а со тоа и полош клинички исход за пациентите. Ги советувам пациентите да не се плашат од евентуална зараза со коронавирусот затоа што на клиниката строго се почитуваат и спроведуваат сите здравствени протоколи. Со цел прегледите да бидат побрзи и безбедни, со пократок ред на чекање и да се запази социјалната дистанца, а притоа пациентите да добијат современа и комплетна услуга, по принципот еден пациент во една ординација, работата на клиниката се одвива во две смени. Апелирам и до матичните лекари да ја користат новата е-амбуланта, дел од „Мој термин“ (телефонска консултација со матични лекари) која овозможува закажување на консултативен термин со одреден специјалист за своите пациенти за кои сметаат дека имаат потреба од специјалистичка консултација. Бидејќи психо-физичкото здравје на пациентите кои веќе имаат поставена дијагноза малигнен лимфом е многу важно,  подготвивме и соодветна брошура на тема „ВОДИЧ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО НЕ-ХОЧКИНОВ ЛИМФОМ“ изјави проф. д-р Ирина Пановска Ставридис.

Имајќи ја во предвид важноста на навременото дијагностицирање на ваквите заболувања, Здружението за Хематологија на Македонија изработи и нов „Алгоритам за дијагностика на зголемени лимфни јазли во тек на пандемија“. Новиот алгоритам веќе е достапен за сите матични лекари и општи болници на ниво на целата држава.

Во изминатиот период беа организирани и неколку едукативни вебинари за стручната јавност, како и гостувања во телевизиски емисии од областа на здравството, на тема: „Што преставува лимфомот“ се со цел да ја зголеми јавната свесност за оваа болест, нејзините рани симптоми, како и кој е најбрзиот пат до соодветна дијагностика, затоа што смртноста на недијагностицираните и не третирани малигни болести е поголема од смртноста предизвикана од КОВИД 19.

Можеби ќе ве интересира

Мирослав Богдановски е вториот пратеник од владеачкото мнозинство кој излезе од изолација за да гласа во Собрание

Мирослав Богдановски е вториот пратеник од владеачкото мнозинство кој излезе од изолација за да гласа во Собрание

Антонио Милошоски: За некои граѓани нема амбулантно возило, но за некои функционери има во секое време

Антонио Милошоски: За некои граѓани нема амбулантно возило, но за некои функционери има во секое време

Заврши сагата, сите пратеници ги изгласаа законите за економска помош на граѓаните и компаниите

Заврши сагата, сите пратеници ги изгласаа законите за економска помош на граѓаните и компаниите

Бојан Маричиќ: Позитивните пратеници на СДСМ се присутни во Собранието согласно сите протоколи

Бојан Маричиќ: Позитивните пратеници на СДСМ се присутни во Собранието согласно сите протоколи

Апасиев од собраниската говорница до двајцата позитивни присутни пратеници на СДСМ: Први ќе одите во затвор кога ќе падне режимот

Апасиев од собраниската говорница до двајцата позитивни присутни пратеници на СДСМ: Први ќе одите во затвор кога ќе падне режимот

СДСМ собра мнозинство: 60 пратеници во сала и двајца во изолација во кабина

СДСМ собра мнозинство: 60 пратеници во сала и двајца во изолација во кабина

Пратеничката на СДСМ пристигна со Брза помош во Собрание

Пратеничката на СДСМ пристигна со Брза помош во Собрание

Жан Митрев: Го посетивме момчето што го доби новото срце, насмевките на докторите се доказ дека е во добра состојба

Жан Митрев: Го посетивме момчето што го доби новото срце, насмевките на докторите се доказ дека е во добра состојба

Пратеничката Костадиновска Стојчевска облече скафандер: Позитивна сум на Ковид-19 но денеска доаѓам во Собрание

Пратеничката Костадиновска Стојчевска облече скафандер: Позитивна сум на Ковид-19 но денеска доаѓам во Собрание