Рапидно се намалува извозот на овошје и зеленчук во Русија
Објавено во: Економија 12 Мај, 2018
Македонските компании во првите три месеци годинава имале извоз во Русија од само 5,4 милиони евра, што е намалување за 40% во споредба со истиот период претходната година.
Од вкупниот извоз во Русија најголем дел или близу половина отпаѓа на извозот на лекови, кој во првите три месеци изнесува 2,3 милиони евра. Околу 1,1 милион евра од извозот во Русија во првиот квартал отпаѓа на извозот на јаболка на рускиот пазар. Во вредност од околу 609 илјади евра во првите три месеци во Русија се продадени и домати.
Извозот, пак, на тутун во првите три месеци изнесува околу 340 илјади евра, додека извозот на зелка само 293 илјади евра.