27 Април, 2024
0.0293

РАСКОШ, ЛУКСУЗ, КОМОЦИЈА - на Доналд Трамп нема да му биде лошо таму каде што ќе живее

Објавено во: Свет 22 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Јавноста сигурно ја интересира каде ќе престојува поранешниот американски претседател Доналд Трамп откако ја напушти Белата куќа. Како што јавуваат медиумите, луксузното одморалиште „Мар-а-Лаго“ во Палм Бич е новата резиденција на Доналд и Меланија Трамп.

Поранешниот претседател на САД го купил објектот во 1985 година, за осум милиони долари, но на управување ѝ го доверил на поранешната сопруга Ивана. Големиот имот сега има статус на приватен клуб и ја ограничува должината на престојувањето на Трамп на три седмици годишно.

„Не постојат документи или договор кој што му забранува на Доналд Трамп да го користи објектот како своја резиденција“, изјавил портпаролот за организација на Трамп.

Соседите во Палм Бич се револтирани од доаѓањето на семејството Трамп и сите се надеваат дека тие нема долго да се задржат таму.

Мар-а-Лаго, или Зимска бела куќа, е на 22-то место на листата на најголеми куќи во САД, со 5.800 квадратни метри, додека Белата куќа во Вашингтон е на 33-то место со 5.100 квадратни метри.

Приватниот клуб и одморалиштето на Трамп во Палм Бич беше засолниште за неговото семејство додека беше претседател и кога сакаше да се одмори, а сега тоа ќе биде неговото место на постојан престој, пишува Бизнис инсајдер.

Членарината во неговиот клуб чини 200.000 УСД, без да се сметаат годишната такса од 14.000 УСД и задолжителните минимални трошоци за ручек од 2000 УСД. Се проценува дека клубот брои околу 500 члена.

Мар-а-Лаго излегува од едната страна кон Атлантскиот океан, а од друга до крајбрежниот канал кој е поврзан со океанот.

Зградата е изградена во 1927 година, има 128 соби, а соседството има неофицијално име ред на милијардери. Според Блумберг, просечниот годишен приход во оваа област е 1,37 милиони долари по лице, што е трет најголем приход за некој дел од градот кој има свој поштенски код во САД.

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни