Расправата за предлог буџетот се враќа пред пратениците во Собраниската комисија
Објавено во: Економија 30 Ноември, 2017
Комисијата за буџет денеска ќе ја продолжи расправата за предлог буџетот скроен за 2018 година.
Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска вчера попладне притисната од јавноста и партиите ја закажа комисиската расправа за буџетот.
По општата расправа документот треба да се врати до Владата, а потоа влегува на пленарна седница.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА имаат поднесено 270 амандмани.
Овој буџет не е поддржан од опозицијата и според ВМРО ДПМНЕ буџетот е нереален и нереформски, за парламентарното мнозинство пак буџетот е граѓански, креиран на реални проекции и со него почнува со финансиска и економска стабилизација.