18 Мај, 2024
0.0264

Атлантик Група со раст на приходите од продажба

Објавено во: Мои пари 26 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Атлантик Група во првата половина на 2018 година оствари вкупни приходи од продажба во износ од 332 милиони евра, што во однос на истиот период минатата година претставува пораст од 4,1 проценти, ако се исклучи влијанието на продадените услужни производи од спортскa исхрана поради продажба на производствени капацитети на белгиските Aminolabs. Добивката пред камати, даноци, депресијација и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 39.5 милиони евра и се зголеми за 5,3 проценти, а нето добивката по малцински интереси се зголеми за 8,8 отсто на 22,3 милиони евра. Добри резултати беа постигнати во пресрет на растот на дистрибутивниот бизнис и сопствените брендови.

Полугодие во знак на спогодби, продажба на Нева и нови директори

"Зад нас е избалансирано полугодие во кое бележиме раст на сите главни пазари и повеќето деловни области. Растот на приходите продолжува да се држи во чекор со растот на профитабилноста и продолжуваме и со понатамошно намалување на долгот." изјави Зоран Станковиќ, потпретседател на Атлантик Група за финансии.

Од настаните кои го одбележаа полугодието, како успешен се издвојува затворањето на процесот за изгласување спогодба со доверителот Агрокор Групација. Според спогодбата, ако Конзум го постигне планираниот четиригодишен ЕБИТДА, кој е вклучен во проекциите на раководството на Агрокор и советниците, како основа за постигнување на спогодба, Атлантик ќе ги наплати сите преостанати побарувања од членовите на Агрокор Група во периодот пред започнување на вонредна администрација, кои изнесуваат околу 8 милиони евра. Полугодието ќе го обележи и неодамна потпишаниот договор за купување на друштвото Нева со што најголемиот производител на козметика во Хрватска ќе стане сопственост на Magdis, познат по своите познатиот бренд BIOBAZA и фармацевтските и медицински суровини. Атлантик со ова продолжува да ја спроведува својата стратешка програма за ослободување од "не-јадрените" мали бизнис операции, што започна минатата година со продажба на производствени капацитети спорт и функционална храна на белгискиот Aminolabs. Полугодието го обележа и консолидацијата на дистрибутивниот бизнис. Склучени се договори за соработка со нови брендови - Ред Бул во Србија и Марс група во Хрватска, што овозможи стабилен раст на дистрибуцијата на овие пазари. Покрај тоа, во внатрешната организација, целиот дистрибутивен бизнис се реорганизира во една област. Меѓу бројните иницијативи за развивање на сопствена палета на производи се истакнуваат резултатите од ново производство на Аргета во САД, двоцифрена стапка на пораст на инстант турско кафе Black'n'Easy и редизајниран Кокта со одлични резултати во каналот HoReCa.

Најмногу се зголемија Аргета, пијалаците и хрватскиот пазар

На вкупниот раст на приходите од продажба на Атлантик Група најмногу влијаеа Стратешките деловни единици: Деликатесни намази со раст од 12,5 отсто, Пијалоци со раст од 9,6 отсто и Кафе со пораст од 6,8 отсто. Кафето воедно е најголемата поединечна категорија во вкупните приходи со 21,3 отсто удел и 71 милиони долари во приходи од продажба. Од поединечните пазари најголем раст е постигнат во Хрватска - 8,3 отсто, по што следи Босна и Херцеговина со 6,9 отсто и Србија, која се зголеми на стапка од 6,1 отсто. Значителен раст е забележан и во другите пазари во регионот - Македонија, Црна Гора и Косово - кои се зголемија за 9,8 проценти.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата