Раст на просечната нето-плата од 5,4 отсто во декември
Објавено во: Економија 23 Февруари, 2021 13:35
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2020 година во однос на декември 2019 година е зголемена за 5,4 отсто и изнесува 28 294 денари.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во дејностите информации и комуникации (15.5 %), рударство и вадење на камен (10.5 %) и здравствена и социјална заштита (10.0 %).
Најголемо зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано кај информации и комуникации (14.4 %), финансиски дејности и дејности на осигурување (12.5 %) и рударство и вадење на камен (10.6 %).
Можеби ќе ве интересира
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје




