27 Јули, 2024
0.0269

РАСТЕ ЦЕНАТА НА АКЦИЈАТА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - очекуваат ли акционерите „мрсна“ дивиденда од моментално најпрофитабилната банка

Објавено во: Финансии 07 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Расте цената на акциите на најголемата а во моментов и најпрофитабилната банка во земјава, Комерцијална банка.

Ако се погледне најновиот билтен на Берзата за ноември може да се види дека Комерцијална банка е второ по ред акционерско друштво кое има најголем пораст на цената на акцијата, односно таа доживеала зголемување за близу 10 отсто или прецизно 9,67 проценти.

Односно, ако на стартот на 11 месец од годинава цената изнесувала 13.005 денари, таа на крајот на ноември изнесува 14.263 денари за акција, што всушност означува месечен пораст од 9,67 отсто.

Ако се погледне графиконот со движењето на цените и количините на Комерцијална банка, може да се види дека од втората половина на ноември, или поконкретно од 22 тој месец, кога цената изнесувала 13.547 денари за акција, па се досега, што значи во последниве две недели, има уште позначаен раст на цената на акциите, односно кривата на графиконот оди по многу поостра нагорна линија.

Или, на вчерашниот ден цената на акцијата се искачи до 14.484 денари за акција.

Сепак, значајниот раст на цената не значи и дека се истргувани премногу големи количини во овој анализиран период, иако имало и неколку денови кои можат да се сметаат за своевидни количински пикови.

Или, поголемата количина на акции била истргувана на 27 ноември годинава, кога на берзата биле продадени 1.653 акции на оваа банка, а потоа бројот на истргувани количини се намалува, иако не се намалува во просек некаде под 500 акции.

Вчера на пример, истргуваната количина е 592 акции, додека завчера таа била 418 акции.

Која е причината за порастот на цената, што значи и зголемен интерес за оваа акција?

Познавачите велат дека главната причина треба да се бара во високата очекувана дивиденда што би ја донела оваа акција, а која ќе се обзнани како предлог за акционерско собрание најверојатно некаде на средината на март следната година, и да се офиоцијализира еден месец подоцна, кога ќе се одржи самото собрание.

Очекуваната дивиденда, пак, е поради големиот планиран профит на Комерцијална банка за оваа година, а што е сосема логично, ако се има предвид дека само за првите девет месеци од годинава, оваа банка оствари чиста добивка од 50 милиони евра, највисок во нејзината историја и во банкарскиот сектор во земјава воопшто.

Секако, после усвојувањето на завршната сметка на банката, а што се планира за април идната година, се очекува и Комерцијална банка посериозно да почне да преговара околу спојувањето со Стопанска банка Битола, за што двете банки и јавно ги презентираа своите намери во јавноста.

Според Централниот депозитар за хартии од вредност, во моментов единствен акционер со над 5 отсто акции во Комерцијална банка е Адора Инжинеринг на Ванчо Чифлиганец, која поседува 14,99 отсто од вкупниот акционерски капитал на банката.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ПРЕМИЕР ДА БИДАМ: Еве колкави плати земаат премиерите во Европа

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ПРЕМИЕР ДА БИДАМ: Еве колкави плати земаат премиерите во Европа

НАЈБОГАТИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОВАА ЗЕМЈА ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД 1.200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: На врвот на листата се имиња познати на целиот свет

НАЈБОГАТИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОВАА ЗЕМЈА ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД 1.200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: На врвот на листата се имиња познати на целиот свет

ЕВЕ КАДЕ НАЈМНОГУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ КУПУВАЊЕТО СТАН: Цени на недвижностите во Европа

ЕВЕ КАДЕ НАЈМНОГУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ КУПУВАЊЕТО СТАН: Цени на недвижностите во Европа

КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО, ХРАНА И УСЛУГИТЕ ВО ЦРНА ГОРА? Сè уште е поевтино од другите дестинации

КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО, ХРАНА И УСЛУГИТЕ ВО ЦРНА ГОРА? Сè уште е поевтино од другите дестинации

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

ПРОФЕСОРИТЕ САШО ЌОСЕВ И ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ ДОБИЈА СОГЛАСНОСТ ОД НБМ - трет мандат ќе бидат членови на Надзорен одбор на Стопанска банка Скопје

ПРОФЕСОРИТЕ САШО ЌОСЕВ И ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ ДОБИЈА СОГЛАСНОСТ ОД НБМ - трет мандат ќе бидат членови на Надзорен одбор на Стопанска банка Скопје

СИНОХИДРО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ АРБИТРАЖАТА - Владата тврди дека ќе бидат заштедени 50 милиони евра

СИНОХИДРО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ АРБИТРАЖАТА - Владата тврди дека ќе бидат заштедени 50 милиони евра

МНОГУМИНА СЕ НАДЕВАА, НО НБМ ДЕНЕСКА НЕ ЈА НАМАЛИ КАМАТАТА - мора да се стабилизира инфлацијата, има уште ризици

МНОГУМИНА СЕ НАДЕВАА, НО НБМ ДЕНЕСКА НЕ ЈА НАМАЛИ КАМАТАТА - мора да се стабилизира инфлацијата, има уште ризици

ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ? Запленети 120 милиони евра од Амазон во Италија

ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ? Запленети 120 милиони евра од Амазон во Италија