27 Април, 2024
0.3918

Расте цената во Скопје, но и во другите градови: Познато колку бил просекот за метар квадратен лани

Објавено во: Економија 26 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Просечната цена на метар квадратен на становите во Македонија има падови и скокови во текот на целата 2018-та, но сумирајќи ги резултатите на годишно ниво, Државниот завод за статистика заклучува дека тие поскапеле за 3,2 отсто повеќе во однос на 2017-та.

Просечната цена на метар квадратен станбена површина во 2018 година била 43 155 денари. Најголем раст на цената разбирливо има во Скопје, каде во просек вредноста била 46 764 денари, што е за 7,0 отсто, или 50 евра, повеќе во споредба со една година претходно. Во внатрешноста на земјата цената е 33 157 денари, што е за 3.6 % повеќе во споредба со 2017 година.

Наведените просечни цени на 1 м2 станбена површина се без данок на додадена вредност. Речиси идентични се податоците на НАродна банка со оние на Заводот.

Претходно, според податоците на Агенцијата за катастар на недвижнини на истекот на ланската година во главниот град биле регистрирани 312.904 станови, од кои под хипотека биле заложени кај кредиторите 57.106 од нив, што е 18,2 отсто од вкупниот број.

На ниво на Македонија процентот е помал и од вкупно 1.071.000 станови, под хипотека кај банките се регистрирани 122.307, односно 11,4 од овие недвижнини.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра