05 Мај, 2024
0.0458

Расте интересот за лекот ремдесивир, кој доби дозвола од американската агенција, расте и лобирањето на компанијата што го произведува

Објавено во: Свет 03 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

„Гилеад сајенс“, производителот на лекови кој стои зад експерименталниот лек ремдесивир за третман на болни од КОВИД-19, во првиот квартал од оваа година потрошил повеќе пари на лобирање во конгресот и администрацијата во споредба со истиот период лани, говорат федералните податоци. 

Фармацевтската компанија потроши 2,45 милиони долари за лобирање во првите три месеци од годинава, што претставува зголемување од 32 отсто во однос на 1,86 милиони долари што ги потроши во првиот квартал од 2019 година.

Првиот квартал е всушнот периодот кога Конгресот го изготви и го донесе Законот за помош и економски мерки за последиците од коронавирусот, кој содржи бројни одредби кои влијаат на фармацевтската индустрија, вклучително и финансирање за развој на вакцини и третмани како одговор на пандемијата.

Раните нацрти на законодавството вклучуваат одредба што предвидува вакцините, лековите и тестовите за КОВИД-19, да биде прифатливо да се изработуваат со средства од даночните обврзници. Но, конечниот буџет содржи дополнителни услови што може да го поткопа тоа побарување.

Лобирањето, исто така, се совпадна со клиничките тестови на „Гилеад“ на ремдесивир, антивирусен лек, кој се повеќе се смета за најефикасен во третманот на КОВИД-19.

Во петокот, Управата за храна и лекови одобри итна употреба на ремдесивир за пациенти хоспитализирани со тешки случаи на КОВИД-19. Овој потег ќе им олесни на пациентите да примаат интравенски лек. Но, снабдувањето со ремдесивир е ограничено и според „Гилеад“, американската влада ќе ја координира неговата дистрибуција во болниците во градовите кои се најпогодени од КОВИД-19.

Одлуката на агенцијата дојде два дена откако резултатите од двете значајни судења за ремдесивир, станаа јавни.

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време