26 Април, 2024
0.1216

Расте притисокот врз Јанева, СЈО нападна директно во срцето!

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Се повеќе расте притисокот врз специјалната обвинителка Катица Јанева, со прозивки и за нејзина оставка. Се започна со интервјуто на МТВ, преку собранието, а продоложи во советот на ЈО.

Навреди и посредни закани, постојано доживуваше Јанева, но вчерашниот ден покажа дека СЈО возврати на најсилен можен начин, удри во трезорот на фамилијата. 

Се работи за поведена истрага злоупотреба на пари од буџетот на Република Македонија, нешто под 1 милион евра.

Од доказите во предметот произлезе основано сомнение дека средствата се злоупотребени, велат од СЈО.

Три раководни лица во Управата за безбедност и контраразузнавање и Минстерството за внатрешни работи прибавиле имотна корист во износ од над 53 милиони денари. 

Од јули 2010 година до крајот на 2012 година, три соомничени заедно ја искористиле службената положба и за Финзи ДООЕЛ Скопје и во овој период прибавиле имотна корист од  577.045 евра. 

Тие со цел да набават опрема за УБК во Велика Британија оствариле состанок со лице од Велика Британија. 

Наместо од правно лице, опремата е набавена според доказите преку Финзи ДООЕЛ Скопје, каде управител било лице кое е во крвно  сродство со третоосомничениот. 

Прво и второ осомничениот на сведокот во МВР усно му наредиле да започне постапка за набавка на опрема без да се испочитува Законот за јавни набавки. 

Овој правен субјект имал само зголемување на главнина, а овие средства од Финзи САД која е отворена на Кипар се префрлени во Финзи Скопје. 

Дејствата продолжиле и во 2011 година. На сведокот му било наредено дека имаат потреба од дополнителна опрема и е изготвен анекс на договорот. 

„Финзи“ е компанија во сопственост на фирма од САД, додека фирмата од САД е поседувана од фирма во Кипар. Прв директор на оваа фирма е Владислав Стајковиќ, а, последен беше Коста Крпач, сведок на СЈО кој се самоуби. 

Можеби ќе ве интересира

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби