11 Декември, 2025
0.5022

Ратификувана спогодбата за борба против шверцот на цигари

Објавено во: Свет 12 Ноември, 2012 13:30

Добивај вести на Viber

Над 170 држави ја ратификуваа во Сеул спогодбата за меѓународниот протокол за борба против шверцот на цигари.
Спогодбата има за цел да ја усогласи борбата против нелегалната трговија со цигари, која учествува со 11 проценти на светскиот пазар и државите ги чини најмалку 40 милијарди долари годишно, поради неплатените акцизи.  Меѓу мерките кои се содржани во спогодбата се обврзување на владите да ги лиценцираат производителите, а кутиите со производите од тутун да бидат маркирани, со цел лесно да им се влезе во трага.
- Таа спогодба ќе ја промени ситуацијата, нагласи генералниот директор на Светската здравствена организација, Маргарет Чан.
Во Сеул се одржа министерска конференција на земјите потписнички на рамковната конференција на СЗО за контрола на тутунските производи, која е ратификувана од 176 земји од 2005 година досега. Во 2007 година земјите од конвенцијата одлучија да почнат преговори за создавање на протоколот за борба против шверцот на тутунски производи.
Само 20 држави не ја ратификувале конвенцијата, а меѓу нив се и САД, Швајцарија, Индонезија, Аргентина и Чешка.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени

(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени

Трамп за Европа: Мислам дека се слаби

Трамп за Европа: Мислам дека се слаби

Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?

Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?

Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?

Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?