09 Октомври, 2024
0.0281

Разбудете ја убоста на животот со најблиските

Објавено во: Стил 12 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Секој од нас, во одреден стадиум од својот живот сфаќа дека некогаш зборовите се непотребни. Делата зборуваат помоќно од она што ќе го изустиме. Токму тогаш, без да планираме и да се трудиме луѓето почнуваат да не прифаќаат онакви какви што сме. Луѓе кои не се божествено совршени, но имаат човечка убост во себе, покрај целата таа несовршеност.

Сите ние постојано сакаме да се докажуваме колку сме научиле, кои вештини сме ги стекнале, а кои сме ги надградиле. Но, животот тече. Понекогаш побрзо од што може да замислиме. Колку пати кога ќе ни се случи некоја трагедија, се фаќаме како разбираме дека животот не трае вечно, дека сѐ што почнува, порано или подоцна мора да стаса до својот крај. Во тие мигови секој од нас разбира дека нашите приказни имаат ограничен рок на траење. Не мора да раскажуваме што сме направиле, не мора да појаснуваме зошто баш така сме одлучиле, не мора да се трудиме на сите да им се допаднеме, да анализираме што се кажал некој за нас, дали во тоа има ронка вистина или не… На луѓето не мора да им се правдаме. Не мора ни да им кажуваме што правевме, што правиме или што ќе правиме.

Повеќе прочитајте на Женски магазин.